Поголемиот број луѓе никогаш и не слушнале за GABA, ниту знаат што истата претставува за организмот. Како и да е, сите кои страдаат од анксиозност и инсомниа (несоница), важно е да знаат за постоењето на овој неуротрансмитер, кој може да е клуч за редуцирање на симптомите!
Значењето и важноста на овој GABA неуротрансмитерот е потенцирана во последните години. Се смета дека, освен при анксиозност и инсомниа, е од голема помош и при депресија, синдром на хиперактивност, воспаленија и предменструален синдром. Исто така, може да влијае врз зголемување на нивото на хормонот на раст. Тој е важен за редуцирање на срцеви заболувања, за зајакнување на мускулната сила и борбата со слабеењето. За среќа, може директно да се влијае врз нивото на овој круцијален неуротрансмитер во телото. Тоа е можно на два начини. Едниот е преку земање на квалитетни суплементи. Другиот е преку зголемување на нивото на други природни состојки кои директно ја афектираат синтезата.

Па, што поточно претставува GABA?
Гама-аминобутиричната киселина, попозната како GABA, е неуротрансмитер кој помага за пренесување на пораките помеѓу мозокот и нервниот систем. Се создава во мозокот од глутаматите, а овој процес е катализиран од активните форми на витаминот Б6 и ензимот глутамат декарбоксилаза (GAD).
Главната нејзина функција е редуцирање на активноста на нервните клетки кои се дел од нервниот систем. Повеќе истражувања кои исклучиво биле насочени на испитување на дејството на GABA врз нервниот систем, покажале дека игра клучна улога во многу состојби на телото. Ова е важно заради нивната поврзаност со значењето на нервниот систем, вклучително депресија, анксиозност и стрес.
За гама-аминобутиричната киселина, се смета дека има својство на природен смирувач. Преку својата способност да ја намали невролошката возбуденост, влијае врз намалување на симптомите и емоциите при анксиозност и страв.
Често пати е користена како природен суплемент кој промовира лесен и непрекинат сон. Го подобрува расположението и ги олеснува предментруалните тегоби.
Од истражувањето дознавме уште многу повеќе и тоа не може да се пренесе само во еден текст, па останете со нас и следете ги сите новости од светот и медицината. Многу наскоро ќе ви откриеме и повеќе детали за користењето и употребата на GABA во интерес на здравјето.
Како да ја најдете или нарачате?
За крај, ако и вие, како и голем број лица, се соочувате со проблемите на стресот, можеме да ви препорачаме да си набавите квалитетен GABA суплемент, произведен од Now Foods. Може да го побарате во поголемите аптеки или на онлајн продавницата на Тримекс. Повеќе информации за придобивките и начинот на користење на GABA, прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да ja нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ја Д-р Нела Деспотовска од Тримекс, на телефонскиот број 02/32 46 000 или на e-mail: info@trimeks.com.mk.
Совет плус: Доколку планирате да ja земате GABA, најпрво консултирајте се со вашиот лекар. За дозирањето не одлучувајте на своја рака. За бремени или доилки, не се препорачува да го користат овој суплемент.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 намирници кои го намалуваат стресот на природен начин.
*Спонзориран текст.