Исчистете го кујнското ренде до совршенство 1

Исчистете го кујнското ренде до совршенство

Свежо рендано сирење или кашкавал се невераjатен прилог за салата или разни јадења, но што со наслагите кои остануваат на рендето? Бидејќи чистењето на кујнското ренде може да биде тешка задача, а ние сакаме да ви ја олесниме, препорачуваме да го пробате овој едноставен и ефикасен трик!

За да не губите време и труд на оваа комплицирана задача и лесно да го отстраните и масното сирење или било која друга намирница која се лепи и не е лесно да се отстрани со класичното миење со сунѓер и детергент за садови, имаме лесно решение. Важно е да знаете дека не станува збор само за желба да биде чисто, туку за заштита од ризици од можни бактериски инфекции. Па, пробајте да го исчистите кујнското ренде и тоа до совршенство со помош на супермоќната намирница наречена лимон!

Исчистете го кујнското ренде до совршенство

Како делува?

Лимонот е магична овошка која ја отстранува секоја нечистотија и навлегува и во ситните пори на рендето. Исто така делува и по принципот на антибактериска заштита.

Лимонската киселина потполно ги отстранува масните наслаги. Исцедете го лимонот и со неговиот сок прелијте го рендето или со пресечен лимон на половина, рендајте врз површината. Како алтернатива за нанесување на лимоновиот сок може да биде и прскалка која ќе го разнесе добро на секаде и убаво ќе го исчисти.

Оставете лимонот да отстои на решетките, а потоа измијте ја површината со топла вода. Доколку на рендето се формирале тврдокорни наслаги, за помош може да користите и сол.

Ви препорачуваме да прочитате: 3 кујнски совети кои ќе ви заштедат време и пари.

Сподели: