заштита на кожата од сончевите зраци

Намирници кои ја штитат кожата од сончевите зраци

Заштитата на кожата од сончевите зраци започнува од чинијата! Koзметичките препарати, би штителе многу подобро, ако ја заштитиме кожата од внатре, односно ако се погрижиме да имаме правилна и балансирана исхрана. Како да знаеме што да направиме? Што значи ова? – Правилната исхрана ја штити нашата кожа од слободните радикали кои што ги уништуваат колагенот и еластинот – најважните компоненти на здрава кожа. Покрај бројните кремови и лосиони со UV фактор, ви предлагаме почесто да консумирате и некои намирници кои ефикасно ја штитат кожата од сончевите зраци.

Со секојдневното консумирање на подолу посочените намирници, ќе превенирате предвремено стареење на кожата и појава на брчки, ќе ја заштитите кожата од УВ-зрачењето, ќе ја поттикнете нејзината регенерација и ќе ја намалите можноста за алергиски реакции од изложувањето на сонце. Во продолжение погледнете кои намирници ја хранат и чуваат кожата.

намирници кои ја штитат кожата од сончевите зраци

Боровинки

Боровинките се богати со антиоксиданти и витамин Ц со високо фотопротективно дејство кои овозможуваат природна заштита од штетните сончеви УВ-зраци.

Лубеница

Лубениците содржат ликопен, антиоксиданс одговорен за црвената боја. Ликопенот претставува многу важен каротеноид и антиоксидант со моќно фотопротективно дејство, кој има способност да ги неутрализира слободните радикали кои настануваат при подолго изложување на сонце.

Ореви и семиња

Во телото не може да се создадат омега 3 масните киселини, па затоа е од суштинско значење да ги внесуваме преку храната. Оревите, семето од коноп, чиа семето и ленот се богати со омега 3 кои што ги намалуваат непријатните алергиски симптоми.

Моркови и лиснат зеленчук

Организмот го претвора бета-каротинот во витамин А, кој е од витално значење за здрава кожа. Така, со секојдневно консумирање на морков, ја правите кожата поотпорна на УВ-зраците.

Темнозелениот лиснат зеленчук претставува моќен извор на каротеноиди со високо антиоксидантско дејство, кои ја штитат кожата од појава на брчки, оштетување од сонце, па дури и од рак на кожата.

Зелен чај

Зелениот чај содржи флаванол познат како EGCG,  која ја штити кожата и го намалува воспалението настанато од прекумерно изложување на сонце.

BioAstin e најмоќен антиоксиданс кој ја штити кожата од штетните УВ зраците. Дали знаете што е BioAstin? – Ајде да видиме!

BioAstin-от претставува храна, а многумина го користат како дел од здрав животен стил. Тој е патентиран за орална и локална заштита од сонце. Особено е ефикасен во заштитата од УВ зраци при сончање и спречува оштетување на ДНА. Служи како внатрешен додаток за убавина кој ви дава убав, здрав сјај и ја прави кожата да изгледа помлада и поубава. Уште е познат како астаксантин.

BioAstin се препорачува да се користи во топлите месеци за заштита на кожата од штетното влијание на УВ зраците. Доволна е 1 капсула BioAstin на ден, која може да се зема наутро со појадок или појалок кој содржи масти. Може да го набавите од поголемите аптеки или да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks.

намирници кои ја штитат кожата од сончевите зраци

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Правилна заштита на кожата во летниот период.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: