Како да го подготвите вашиот организам за престојните празници 1

Како да го подготвите вашиот организам за престојните празници?

Кога новогодишните и божиќните празници ќе ни пристигнат, најверојатно ќе заборавите на сите правила за здрава и избалансирана исхрана, па ќе посегнете по сите мали слатки задоволства кои вообичаено ги одбегнувате. Затоа, сега е вистинско време да го подготвите вашиот организам за нездравиот начин на исхрана во празничните денови.

Ние ви изработивме една листа со совети, кои ако ги примените сега, ќе го намалите шокот на oрганизмот за време на празниците кога и нема баш да мислите на тоа што и колку сте изеле.

Како да го подготвите вашиот организам за престојните празници 2

Јадете сезонска храна

Во овој период од годината ни се достапни многу здрави овошја и зеленчуци како што се јаболката, тиквите и слично. Затоа, искористете ги до максимум, бидејќи веројатно за време на празниците ќе подзаборавите на нив и ќе консумирате малку помрсна и покалорична храна.

Пијте чаеви

Некои чаеви се одлични за регулација на варењето на храната. Такви чаеви се нането, камилицата, жалфијата и чајот од ѓумбир. Други пак, се одлични борци против настинка и грип, како што е на пример чајот од хибискус, а зелениот чај е одличен за целокупното здравје. Па, искористете го ладното време за да се загреете со чаша топол и здрав напиток.

Консумирајте повеќе вода

Пиењето вода не само што ќе ве освежи и ќе ви даде повеќе енергија, туку и ќе ве спречи да внесувате непотребни калории преку храната. Многу стручњаци сметаат дека повеќето луѓе се благо дехидрирани и често го мешаат чувството на жед со чувството на глад.

Избегнувајте ги скриените извори на шеќер

Секако дека за време на празниците повеќе ќе уживате во шеќерот кој се крие во колачите и тортите, отколку во оној кој се крие во сосовите и преливите. Затоа, секогаш читајте ја декларацијата на производите со цел да ги избегнете скриените извори на шеќер. Обидете се сега да го намалите внесот на шеќер, бидејќи за празниците секако ќе претерате со неговата консумација.

Консумирајте зелен зеленчук

Сега е вистинскиот момент во вашата исхрана да вклучите повеќе зелка, брокула, блитва и слични зеленчуци во вашата исхрана. Вклучете го зелениот зеленчук во секој оброк, па дури и во појадокот. Овој зеленчук е богат со сите оние хранливи материи кои ќе ви недостигаат во исхраната за време на празниците.

Шетајте

Шетањето е еден од најдобрите начини да се подобри варењето на храната и да се потрошат вишокот калории.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за умерена исхрана за време на празниците.

Сподели: