здрава храна за убава коса

Како да го подобрите изгледот на косата? Топ намирници за есенскиот период

Косата ви опаѓа, сува е, брзо се мрси или пак имате првут? Се прашувате ли како да го подобрите нејзиниот изглед? – Безживотна сува коса која лесно се кине и опаѓа може да укажува на недостаток на одредени хранливи материи или на некои здравствени проблеми. За таа цел направивме листа на најдобрите намирници кои ја негуваат и хранат косата во есенскиот период. 

Иако косата е индикатор на здравјето, за нејзиното опаѓање секогаш се зборува како за естетски проблем. Овој горлив проблем подеднакво ги засега и мажите и жените. Убавата и негувана коса е украс на секоја жена, но секако дека истото важи и за машката популација. Па така, речиси и да нема човек кој барем еднаш во животот не се соочил со ваков проблем и не посегнал по разни препарати, шампони и лосиони против опаѓање на косата. Но за жал, понекогаш решението не е така лесно и едноставно и бара многу повеќе труд. Притоа, треба да се знае дека состојбата на косата зависи од целокупното здравје. Затоа направете мали промени во животниот стил, консумирајте ги подолу споменатите намирници и започете да ги забележувате промените на косата. Во продолжение дознајте кои намирници може да ја „нахранат“ во есенскиот период.

Како да го подобрите изгледот на косата?

Протеините се клучни за здрава и сјајна коса

Секое влакно е составено речиси од 90% протеини. Затоа, слабата и тенка коса може да биде последица од недостаток на протеини во исхраната. За да ги задоволите дневните потреби за протеини често консумирајте мешунки, тофу сирење, јогурт, јаткасти плодови, особено ореви и бадеми. Повремено може да консумирате и јајца. Како намирница која често ја консумираме во есенскиот период и ја препорачуваме од искуство е спирулината, која е одличен извор на протеини и многубројни хранливи материи (железо, А, Б, Е и К витамини, хлорофил) кои имаат позитивни ефекти за обновување на косата, како и телото.

При избор на спирулината важно е да знаете од каде потекнува, кој е нејзиниот квалитет и какви сертификати поседува за потврда на истиот. Па, да ве запознаеме со нашата омилена спирулина – Hawaiian SpirulinaHawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прав. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Витамините Ц, Е, Б, А и Д го чуваат здравјето на косата и го спречуваат нејзиното опаѓање 

Витаминот Ц ја поттикнува циркулацијата околу коренот на влакното, а слична функција има и витаминот Е. Покрај тоа, од особена важност за косата се и витамините од Б групата, како и бета каротенот и витаминот Д. Па затоа, доколку сакате да имате сјајна и густа коса во исхраната вклучете ги намирниците кои има во изобилство во есенскиот период:

  • тикви
  • моркови
  • пиперки
  • цитрусни овошја
  • зелен лиснат зеленчук
  • ладно цедени масла
  • пивски квасец
  • интегрални житарки
  • печурки.

Опаѓањето на косата може да биде значаен симптом дека на организмот му недостига витамин Ц. Ниските нивоа на витаминот Ц во крвта се силно поврзани со појавата на сува и кршлива коса која лесно опаѓа. Витаминот Ц е поврзан со производството на аминокиселината тирозин. Тирозинот е значаен за одржување на структурата на влакната и фоликулите, а неговиот недостаток, секако дека влијае врз квалитетот на косата. Другиот придонес на кој што витаминот Ц го помага повторниот раст на косата се должи на неговите антиоксидантни својства. Ова е важно да се знае, затоа што тој помага во одржувањето на здравата кожа на главата и превенира оксидативно оштетување на фоликулите на косата.

Од суплементите со витамин Ц го препорачуваме AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин ЦAlphaSorb-C се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц. Апсорпцијата на овој витамин е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана некиселинска форма на Витаминот Ц која содржи некиселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник. Повеќе за тоа како недостатокот на витамин Ц може да влијае на опаѓањето на косата може да прочитате тука.

Како да го подобрите изгледот на косата?

Овој витамин може да го најдете во аптеките, а исто така може да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

Консумирајте храна богата со минералите цинк, силициум и железо

Минералите како што се железото, цинкот и силициумот мора да бидат составен дел од исхраната. Овие минерали се неопходни за здравјето на косата. Па така, недостатокот на овие минерали може да доведе до зголемено опаѓање на косата. За таа цел во исхраната вклучете ги:

  • сувите кајсии
  • семките од тиква
  • магдоносот
  • мешунките
  • просото
  • замрзната или сушена коприва.

Просото е одличен извор на силициум, но и на железо. Добар извор на силициум се и краставиците. Алгите како што е спирулина се одличен извор на минерали, витамини и протеини, па било добро да ги вклучите во вашето есенско мени.

Може да ве интересира: 10 докажани причини за да консумирате спирулина.

Омега масните киселини го негуваат скалпот и се борат против првутот

Сув и перутав скалп може да укажува на недостаток на есенцијални масни киселини. За да ги задоволите дневните потреби на организмот во исхраната вклучете намирници кои се богати со омега масни киселини како што се:

  • морска риба
  • ленено семе и ленено масло
  • сончоглед
  • сусам
  • ореви, бадемите и други јаткасти плодови.

Доколку не сте сигурни дека преку исхраната внесувате доволна количина масни киселини можеби треба да ги земете како додаток во исхраната во вид на суплементи. Најновите испитувања покажуваат дека омега масните киселини имаат најдобар ефект кога се земаат во комбинација 3-6-9, отколку кога се земаат поединечно. Изборот на високо квалитетни додатоци на масни киселини во современиот свет е особено важен, поради големата загаденост на морињата и океаните и присуството на жива. Масните киселини добиени од рибини масла треба да бидат молекуларно дестилирани, без холестерол и со гарантирано чисти износи на масни киселини во нивната природна форма. А токму такви се омега-3 и супер омега 3-6-9 од Now Foods. Овие додатоци во исхраната може да ги порачате преку онлајн продавницата на Тримекс, со бесплатна достава до вашиот дом или да ги купите низ аптеките во Македонија. За сите прашања кои ги имате во врска со користењето на омега-3 и супер омега 3-6-9, слободно пишете ни на info@sezahrana.mk или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

омега за косата

Течностите ја хидрираат косата

Ако косата и кожата ви се суви, најверојатно внесувате мала количина на течности преку денот. Затоа, пијте доволна количина на вода, чаеви и свежо цедени сокови. Прочитајте кои се 10-те знаци кои укажуваат на недостаток на вода.

Откријте ја причината која предизвикува опаѓање на косата

Понекогаш опаѓањето на косата може да биде поврзано со некои здравствени состојби. Причинители може да бидат анемија, нарушена работа на штитната жлезда, бременост, менопауза, некои лекови, бактериски, вирусни и габични заболувања. А често, за тоа е виновна и самата генетика. Пробајте да откриете што е причината, за да може да влијаете на неа!

Ви препорачуваме да прочитате: Експертите посочуваат 7 причини за губење на косата пред 25 годишна возраст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: