Како да го превенирате губењето на косата кога се обидувате да ја намалите телесната тежина 1

Како да го превенирате губењето на косата кога се обидувате да ја намалите телесната тежина?

Намалувањето на телесната тежина е тесно поврзано со губењето на косата и генерално се должи на состојбата која е уште позната и како телоген ефлувиум.  Во нормални услови косата расте околу 1-3 см месечно, во период од 2 години, па преминува во фаза на одмор која е наречена телогена фаза. На крајот од оваа фаза, старите влакна паѓаат за да напрват простор за новите влакна кои треба да никнат. Околу 10 % од косата оди во фаза на одмор, но понекогаш физичкиот и емоционалниот стрес може да предизвикаат во оваа фаза да се најде повеќе коса од вообичаено, што резултира со видливо проретчување на косата.

Со цел да помогнеме, ви припремивме неколку совети со кои ќе го намалите опаѓањето на косата за време на диета. Со овие совети вие ќе слабеете на здрав начин, па косата ќе има доволно храна и нема да опаѓа повеќе од вообичаено.

Како да го превенирате губењето на косата кога се обидувате да ја намалите телесната тежина 2

Јадете доволно калории

Бидете сигурни дека јадете доволно калории. Најчесто при диетите, со цел да се намали телесната тежина се ограничува внесот на калории, но тоа може да предизвика губење на косата бидејќи телото нема доволно енергија за поддршка на растот на косата. За да го пресметате минимумот на калории кои му се потребни на вашиот организам, помножете ја целата ваша тежина со десет и ќе ја добиете вашата дневна калориска граница.

Внесувајте доволно протеини

Протеините се главна компонента на косата. Потребите за протеини се базираат на индивидуални фактори, како што се телесната тежина и физичката активност на единката. Можете да користите калкулатор за храна со цел да ја утврдите точната количина на протеини што ви е потребна за еден ден.

Консумирајте целозрнеста храна

Во вашата исхрана вклучете ги целозрнестите житарки, овошјето и зеленчукот. Целото зрно содржи железо. Според  Националниот совет за анемија, главен фактор за губење на косата е недостатокот на железо. Овошјето и зеленчукот изобилуваат со витамини како што се А, Ц и Е, како и со цинк кој придонесува за раст на косата.

Користете додатоци во исхраната

Користете додатоци во вашата исхрана, како што се мултивитамините кои содржат најмалку 100 проценти од вашите дневни енергетски потреби за сите витамини и минерали.

Вежбајте 

Вежбајте барем еднаш во седмицата. Американскиот совет за вежбање советува да не се губат повеќе од 2 килограми во една седмица. На овој начин вие слабеете здраво, а доколку губите повеќе од  тоа, можете да бидете изложени на зголемен ризик од губење на косата.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои се борат против опаѓањето на косата.

Сподели: