Како да направите маст од невен?

Невенот одамна е познат како скапоцено лековито растение кое со своите златно-жолти или портокалови цветови и прекрасниот мирис ги разубавува дворовите. Благодарение на лековитите својства, цветовите од невен се користеле за лечење на различни заболувања уште од 12 век.

Најпознат производ од невен е невеновата маст, која традиционално се припрема од чиста свинска маст. Домашно припремената маст од невен најчесто се користи за лечење на проширени вени и разни заболувања на вените, хемороиди, рани, модринки, изгореници од прв степен и изгореници предизвикани од сонцето, алергиски реакции на кожата, против акни и чиреви на кожата, разни воспаленија, убоди од инсекти, отоци и повреди. Невенот покрај тоа што има антиинфламаторно, има и антигабично дејство, што го прави поволен и за третирање на габичните инфекции на кожата.

Како се користи маста од невен?

  1. Маста од невен може да се користи за нега на здрава кожа. Се нанесува во тенок слој на претходно исчистена и влажна кожа на лицето. На овој начин ја штити, негува, омекнува и ја навлажнува кожата.
  2. При помали рани и жуљеви, маста од невен се нанесува во дебел слој на газа, а потоа газата се става врз раната и се прицврстува со завој или фластер. Тоа овозможува лековитите материи од маста да продрат брзо и длабоко во кожата и да го забрзаат зараснувањето.
  3. За нега на сува и испукана кожа, после нанесувањето на маст, се прикрива со најлонска ќеса или фолија, да се постигни ефикасно омекнување на кожата.
  4. За лекување на хемороиди, маста се нанесува во дебел слој, неколку пати на ден.
маст од невен

Направете маст од невен

За подготовка на маст од невен користете исклучиво свежи цветови. Цветовите соберете ги на сонце, додека се отворени. За подготовка на чај и масло од невен, цветовите кратко исушете ги на висока температура, а потоа чувајте ги во платнени кеси.

Состојки:

  • 50 грама свежи цветови од невен
  • 5 големи лажици чиста свинска маст

Подготовка:

  1. Свинската маст ставете ја во сад на тивок оган да се загрее до температура на вриење. Цветовите од невен искинете ги и ставете ги во загреаната маст. Мешајте додека цветовите овенат околу 5 минути на тивок оган.
  2. Садот тргнете го од оган и оставете ја маста да се излади (најдобро е преку ноќ).
  3. Потоа маста повторно загрејте ја, процедете ја преку газа и ставете ја во тегли. Кога маста ќе се излади, затворете ги теглите и чувајте ја во фрижидер.

Сподели: