Често слушаме заетерични масла и ги спомнуваме во повеќе содржини од категоријата направи сам. Тие се дел од производите за нега на косата и кожата, се користат во изработка на разни релаксирачки и други средства за опуштање, масла за масажа и многу други намени. А, дали знаете дека можете и сами дома да си направите етерично масло?
Потребни ви се само неколку состојки и уште неколку пропратни садови и материјали. Правењето на етерично масло дома може да биде фамилијарна активност, забавна игра и прекрасно дружење. Еве како може да го направите тоа на домашен начин, а ако сакате можете веднаш да го употребите за корисна намена и да си направите природен освежувач за простории.

Состојки и материјали:
- Основно масло
- Стаклени теглички со капачиња
- Уред на кој може да се прилагоди тивок оган
- Шерпа (или обично поголемо тенџере)
- Газа
- Темни теглички со капачиња
- Зачински растенија и цвеќиња по избор.
Постапка:
- За почеток одберете го базичното масло, односно маслото за основа. Тоа може да биде маслиново масло, бадемово, масло од коски од кајсии итн.
- Во проѕирните теглички ставете ги избраните растенија и со нив наполнете 2/3 од тегличките, а потоа наполнете ја секоја од тегличките со основното масло до горе. Тегличките добро затворете ги.
- Потоа, така припремените теглички ставете ги во тенџерето и налејте вода во висина до половина од тегличките. Внимавајте температурата на варење да биде тивка и оставете ги така да крчкаат барем неколку часа, а по потреба додавајте вода.
- На крај, едноставно процедете ја течноста и издвојте ги растенијата со помош на газата и чистото масло турете го во темните теглички со капачиња. Чувајте ги на темно и суво место.
Ви предлагаме да прочитате: Домашно ароматично масло за масажа и релаксација.