Поставувањето и однесувањето на масата за јадење постојано го привлекуваат вниманието на сите оние кои уживаат во долгите оброци. На оваа тема ѝ се придава големо значење и денес веќе тоа се претвори во вистинска уметност. За да не бидете во ситуација да ви биде непријатно во друштво додека консумирате јадења со месо, го припремивме овој краток водич кој сигурно ќе ви биде од голема корист.
Овие добри манири треба секој да ги знае и практикува:
Колбаси и виршли
Кога јадеме колбаси и виршли во сендвичара или бифе за храна, дозволено е да бидеме поопуштени и да земеме некое парче со рака. Но, тоа правило не важи кога јадеме на трпеза. Тогаш при јадење на колбаси и виршли, задолжително се служиме со нож и виљушка. Притоа, треба да внимаваме, кога забодуваме со виљушката да не испрскаме мрснотија наоколу. Затоа многу внимателно ја забодуваме виљушката, а потоа засекуваме со ножот во непосредна близина.
Пилешко месо
Пилешкото месо се јаде со нож и виљушка. Единствено, доколку се наоѓаме во домашна атмосфера може послободно да се однесуваме и да се послужиме со рацете, без да користиме прибор. Но, се разбира за такво нешто не смееме ни да помислиме доколку се наоѓаме во ресторан. Доколку јадеме батаци или цело пиле, кое има коски, внимателно со приборот го одвојуваме месото.

Телешко и свинско месо приготвено на различни начини
Телешкото и свинското месо, во зависност од тоа како се сервирани ги јадеме со нож и виљушка. Кога станува збор за ситно сечкано месо сервирано во сос, ја користиме само виљушката. Правило е дека не треба наеднаш да се исечи цело месо што го имаме во чинијата, туку тоа да се прави постепено по потреба, парче по парче. Кога станува збор за ролати од месо, користиме нож и виљушка, а пожелно е да се напиеме добро вино.
Риба и морски плодови
Риби се јадат со помош на посебен широк нож и виљушка. Со ножот се преполовува рибата на пола и се чисти од коските. Коските се ставаат во посебна мала чинија наменета за нив.
Остриги се јадат така што се држат во левата рака, а со десната рака со помош на виљушка се отвараат.
Кавијарот, со помош на ножот се става на леб намачкан со путер и се консумира со раце. Посебно добар вкус се добива доколку одозгора се стави свежо цеден сок од лимон.
Ракови се јадат со прсти, внимателно одделувајќи парче по парче.
Исто така, сосовите кои се служат со месото никогаш не се јадат со лажица и во нив не смее да се мака леб. Сосовите служат за разубавување на останатото јадење, а не на лебот.
Ви предлагаме да прочитате: Бон тон за храна – Како правилно се јаде десерт?