Времето затоплува, па е идеално за подготовка на скара. За сите гурмани и љубители на печената храна имаме супер совети! Подгответе вкусна риба на жар. Само следете ги насоките кои ви ги даваме и ќе ја имате најдобрата печена риба која нема да ви се распадне при следната подготовка на скара. Нема кој не би сакал залаче плус.
Правилно чистење, зачинување, печење и вртење се правилата кои треба да ги следите за да ја подготвите највкусната риба на скара.

Припрема на рибата за печење
Рибата исчистете ја, измијте ја и оставете да се исцеди од водата. Може и да ја избришете со кујнска крпа. Намрсете ја со маслиново масло и посолете ја. Додајте и црвен пипер, а по желба може да употребите и други зачини. Ако печите цела риба, внатрешноста наполнете ја со зеленчук и лимон сечен на кришки. За рамномерно печење, направете неколку попречни резови на двете страни од рибата на растојание од 3 до 4 цм.
Може да ве интересира: Брз рецепт за печење на замрзната риба.
Вртење на рибата во текот на печењето
Начинот на печење го дефинира нејзиниот изглед. Дали рибата ќе се растури или не, зависи од тоа како се одвива вртењето. Затоа, прво правило е да не брзате и да бидете стрпливи. Пред да започнете со вртењето, оставете ја рибата убаво да се испече од едната страна. На решетката на затворена или покриена скара, печете ја рибата од едната страна барем 4 минути. Дури после тие 4 минути, може да ја завртите од другата страна. Кога рибата е убаво испечена, лесно се одделува од скарата. Ако се обидете да ја свртите додека трае процесот на печење, рибата ќе се растури бидејќи е залепена на решетките. Пробавте да ја завртите и не можете да ја одделите од скарата без сила, покријте ја и оставете ја уште малку. Притоа внимавајте да не ја изгорите. За вртење на рибата ќе ви треба поголема шпатула или две стандардни.
Наша препорака:
За рибата се тврди дека е најздравото месо што може да се јаде. Нискокалорична е, содржи многу протеини и омега-3 масни киселини. Најдобро е да се јаде разновидна риба, поточно во исхраната да биде вклучена и слатководна и морска риба, и тоа барем еднаш во неделата. Се препорачува да се внесува пастрмка, крап, ослиќ, лосос, туна, скуша и други видови риба. Во последно време сѐ повеќе се користат замрзнати риби.
Ви препорачуваме да прочитате: Риба за силно срце и правилна функција на мозокот.