Интересната кинеска зелка потекнува од Кина, а од нутритивен аспект, карактеристично е тоа што има многу мал број на калории, само 16 калории во 100 грама, што ја прави идеална храна за лица кои внимаваат на својата тежина или пак сакаат да ја намалат телесната тежина.
Кинеската зелка е богата е со антиоксиданси како што се каротеноиди, тиоциани, индол 3 карбинол, лутеин, зеа ксантин, сулфофран. Покрај антиоксидансите, кинеската зелка исто така изобилува со растителни влакна. Во 100 грама има 1.2 мг растителни влакна, со што се задоволуваат 3% од дневните препораки за нив. Научните истражувања потврдуваат дека овие состојки превентивно влијаат врз појавата на канцер на градите, дебелото црево и простата, а исто така го намалуваат LDL (лошиот) холестерол во крвта.

Кинеската зелка е одличен извор на фолати, во 100 грама зелка има 79 µg фолати, односно се задоволуваат 20% од дневните потреби на организмот. Фолната киселина е една од есенцијалните компоненти на ДНА. Внесувањето на доволни количини од овој витамин кај бремените жени, превенира појава на неуролошки заболувања кај новороденчињата.
Неверојатни 45% од дневните препорачани количини за витамин С, се задоволуваат само со консумација на 100 грама кинеска зелка. А витаминот С ја зголемува отпорноста на организмот против инфекции и поволно влијае за намалување на слободните радикали. Покрај витаминот С, кинеската зелка е богата со витамин К.
Од минералните материи застапени се калциумот, калиумот, фосфорот, манганот, железото и магнезиумот.