Пастеризацијата е процес каде со подложување на одредена температура се уништуваат штетните бактерии кај храната и пијалаците. Поради тоа што ги нема штетните бактерии кои го убрзуваат процесот на расипување, пастеризираните производи траат подолго за разлика од другите производи. Но, кои производи денес се пастеризираат?

Вино
Првиот производ кој е пастеризан е виното, од страна на изумителот на овој процес, францускиот микробиолог Луј Пастер. Откако увидел дека со изложување на определена температура, виното повеќе не предизвикува тегоби кај луѓето, дошол до заклучок дека на тој начин ги уништил сите штетни бактерии кои лошо влијаат на организмот на луѓето, но и на самото вино.
Млеко
По успехот со виното, Пастер го свртува фокусот на млекото, кое исто така успешно го пастеризира. Овој процес е познат и кај нас како „превривање“ на млеко. Но, денес тоа не мора да го правите сами, бидејќи речиси сите млека кои може да ги најдете во маркетите се веќе пастеризирани.
Пиво
По виното и млекото, трет пијалак кој успешно е пастеризиран е пивото. Непастеризираните пива имаат рок од речиси 30 дена, па затоа речиси сите пива кои може да ги купите се пастеризирани и може да ги конзумирате доста подолго по денот на произведувањето.
Конзервирана храна и млечни производи
Освен за пијалаците, пастеризацијата се користи и за храна. Млечните производи како сирењето, кремот, јогуртот и кефирот најчесто се пастеризирани, додека пак кај конзервираната храна, најчест процес кој се користи за нивната долготрајност е пастеризацијата.
Леб
Еден од најчестите видови на храна кој се конзумира во целиот свет е лебот, кој исто така може да се пастеризира. Процесот на пастеризација на лебот по самите својства не се разликува од првобитниот процес на Луј Пастер и затоа е сосема здрав.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 корисни употреби на солена вода во домаќинството и кујната за кои не сме знаеле досега.