Кои се придобивките од замрзнатиот зеленчук?

Кои се придобивките од замрзнатиот зеленчук?

Замрзнатите зеленчуци се одлична замена за свежите! Имаат пониска цена, полесни се за подготовка, имаат подолг рок на траење и се достапни во текот на целата година. Често ги користиме за подготовка на различни јадења, а тоа нѐ мотивира да направиме мало истражување на оваа тема. А дали знаете дека некои замрзнати зеленчуци имаат подобар хранлив состав во споредба со свежите? Ајде да разгледаме што велат студиите! 

Замрзната брокула, грашок, кељ… дали имаат подобри нутритивни вредности во споредба со свежите? – Ви откриваме во текстот кој следува!

кои се придобивките од замрзнатиот зеленчук

Што се случува со хранливата вредност при замрзнување?

Бидејќи зеленчукот обично се замрзнува веднаш по бербата, генерално ги задржува своите хранливи материи. Една студија покажала дека замрзнувањето на зеленчукот со претходно бланширање не влијае многу на нутритивната вредност во период до два месеци. А како влијае замрзнувањето врз витамините и антиоксидансите? – Продолжете со читање.

Замрзнатата брокула содржи повеќе витамин Б2 во споредба со свежата брокула

Замрзнатата брокула содржи повеќе рибофлавин (витамин Б2), во споредба со свежата брокула. Од друга страна, замрзнатиот грашок содржи нешто помалку рибофлавин отколку свежиот.

Замрзнувањето ги зголемува антиоксидансите кај некои зеленчуци

Замрзнатиот кељ содржи повеќе антиоксиданси од свежиот, што укажува на тоа дека замрзнувањето може дури и да ја зголеми содржината на антиоксиданси во одредени зеленчуци.

Бланширањето го намалува витаминот Ц во зеленчуците

Ако практикувате да замрзнувате зеленчук дома со претходно бланширање, треба да знаете дека со термичката обработка се намалуваат дел од хранливите состојки. При бланширањето се намалува количината на витаминот Ц (за 10-80%) и тиаминот – витамини кои се осетливи на топлина.

И за крај, кои се придобивките од замрзнатиот зеленчук?

Замрзнатиот зеленчук може лесно и брзо да се подготви, што го прави подобра алтернатива од свежиот зеленчук. Исто така, има пониска цена и има подолг рок на траење. Покрај тоа, тој е достапен во текот на целата година, што значи дека можете да уживате во омилениот зеленчук во кое било време од годината. Употребата на замрзнат зеленчук во исхраната е лесен начин да го зголемите внесот на важни хранливи материи, вклучувајќи растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали.

Ви препорачуваме да прочитате: 8 корисни совети за здрави оброци.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: