Симпатичен на изглед, прекрасен за вкус и одличен сојузник на здравјето на повеќе од 15 начини. Кокос, а што друго може да биде!? Во исхраната е застапен многу често, а на нашите простори како дел од разни десерти, затоа важно е да знаеме и нешто и за неговата хранлива вредност.
Кокосот спаѓа во групата на функционална храна, затоа што има големи придобивки за здравјето, благодарение на неговиот состав. Изобилува со растителни влакна, витамини и минерали. Кокосовото масло е од особен интерес кај научниците затоа што поседува лековити својства во споредба со другите масла, а многу се употребува во традиционалната медицина кај Азиската и Пацифичката популација. Кокосовата палма како резултат на тоа што служи за храна и за лек уште се нарекува и дрво на животот.
Кокосот во традиционалната медицина низ светот се користи за третман на голем број на здравствени проблеми како што се: астма, ќелавост, бронхит, изгореници, модринки, настинки, кашлица, запек, гингивит, неправилна или болна менструација, жолтица, камења во бубрезите, инфекции на кожата, тумори и друго.

Модерната медицина со низа истражувања ја потврдува употребата на кокосот за лекување на многу состојби, како што се:
- Ги уништува вирусите кои предизвикуваат грип, херпес, хепатит Ц, САРС.
- Ги уништува бактериите кои што предизвикуваат улцер, инфекции на хранопроводот, уринарниот тракт, заболувања на непцата, пнеумонија и гонореа.
- Ги уништува габичките и квасците кои предизвикуваат кандида и микоза.
- Ја зголемува енергијата и ги подобрува физичките и атлетските перформанси.
- Го подобрува варењето на храната и апсорпцијата на витамините, минералите и аминокиселините.
- Ја подобрува апсорпцијата на калциум и магнезиум, со што го поддржува развојот на силни коски и заби, а превенира појава на остеопороза.
- Ја подобрува секрецијата на инсулин и стабилизирањето на крвниот шеќер. Со тоа поволно дејствува и го намалува ризикот од дијабетес.
- Ја помага работата на панкреасот и ги намалува симптомите поврзани со панкреатитис.
- Ја намалува болката и иритацијата предизвикана од хемороиди.
- Превенира појава на канцер на градите и дебелото црево.
- Добар е за здравјето на кардиоваскуларниот систем и помага за намалување на артериосклероза.
- Поседува антиоксидантни карактеристики и го штити организмот од штетните радикали кои што доведуваат до предвремено стареење и дегенеративни заболувања.
- Помага при појава на инфекции на уринарниот тракт, така што ги разградува бубрежните камчиња.
- Ја поддржува функцијата на тироидната жлезда.
- Го олеснува намалувањето на телесната тежина, така што го забрзува метаболизмот.