Од нашата кујна! Превкусната компир пита без брашно настана сосем спонтано, а резултатот, односно вкусот, беше многу позитивно изненадување и вистинско уживање! Толку лесна за јадење, воопшто не предизвикува некакви тешкотии во стомакот.
Освен што е превкусна е и нискокалорична, па ако одлучите да ја изедете предложената количина на состојки за еден оброк и нема да погрешите. И да ја изедете цела, ќе внесите само 370 калории, што калориски е многу блиску со 1/2 од просечно чоколадо. Ако ги прочитате состојките ќе забележите дека нема масло и ниту малку брашно, а има изглед на пита! Така ако ви останале варени компири, транформирајте ги во неодолива пита. Без сметање на времето за варење на компирите, беа потребни 10-тина минути да се подготви, што веруваме е добра вест за сите кои готват и сакаат што побрзо да завршат. Едноставно и полесно здравје!

Состојки:
- 2 средно големи варени компири
- 2 јајца
- 7 зелени маслинки
- 10 ливчиња свеж босилек.
Подготовка:
- Компирите треба да се сварени и да ги испасирате.
- Ставете ги во чист сад и додајте ги јајцата.
- Маслинките ситно исечкајте ги и додајте ги во смесата.
- Свежите листови босилек измијте ги и исто така ситно исечкајте ги.
- Смесата добро измешајте ја за да се соедини.
- Турете ја во обложена тава со хартија за печење со големина бр. 24.
- Ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од 10-15 минути минути. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Посна компир пита во тава.