Летото е период кога сите сакаме полесни десерти со овошен вкус, кои истовремено и ќе не заблажат, но и освежат. Овој е баш таков! Вкусен, благ и освежителен со совршена арома на лимон. Овој рецепт го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, па не се сомневаме дека е прекрасен како и сите други нејзини рецепти. Сигурни сме дека сите ќе ги обожаваат овие корнети од лиснато тесто, но со поразличен кремаст фил од слатка павлака.
Доколку и на вас ви досадија секојдневните десерти во облик на торти и колачи, направете нешто поинакво и внесете свежина во вашето секојдневие. Корнетите се прават лесно и со готовo лиснато тесто, па на вас останува само да го подготвите филот и да уживате во прекрасниот вкус.

Состојки:
- 250 г лиснато тесто
- 250 мл слатка павлака
- 2 јајца
- 4 лажици шеќер
- 1 ванилин шеќер
- сок од 1 лимон
- 1 лажица густин
- 25 г путер
- 1 јајце за премачкување
- листови бадем по желба.
Подготовка:
- Лиснатото тесто развлечете го во тенка кора и со помош на нож исечете го на ленти со ширина од 1 см.
- Калапите со облик на корнет премачкајте ги со путер, па на нив намотајте ги лентите од лиснато тесто, тако што ќе се преклопуваат.
- Готовите корнети наредете ги на плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и премачкајте ги со разматено јајце. По желба може да ги поросите и со листови бадем.
- Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15-20 минути или се додека заруменат.
- Откако ќе се изладат извадете ги од калапите.
- Потоа припремете го кремот со кој ќе ги полните корнетите. Најпрво изматете ги јајцата заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Потоа додајте ги сокот од лимон и густинот. Добро измешајте ја сместа, а потоа ставете ја да се вари на пареа околу 10 минути или додека кремот се згусти. Пред самиот крај, во кремот додајте и парче путер и оставете го да се излади.
- Потоа изматете ја слатката павлака и измешајте ја со изладениот крем од лимон.
- Кремот наполнете го во готварски шприц со врв во облик на ѕвезда и наполнете ги лиснатите корнети. Посипете ги со шеќер во прав и чувајте ги во фрижидер се до служење.
Совет плус: Корнетите од лиснато тесто може да ги наполните и со овошен крем по ваш вкус. Само изматете слатка павлака и во неа додајте пасирано овошје по желба (јагоди, малини, капини и сл.), а кога корнетите ќе се изладат ќе бидат вистински сладолед.
Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите домашни корнети за сладолед?