Кремасто пире од млади компири 1

Кремасто пире од млади компири

Со само 20 минути ангажман до 4 порции кремасто пире со јаткаст вкус! Времето на чекање не го сметаме, бидејќи за тоа време може да уживате во нешто друго како на пример омиленото кафе. 

Кремасто, рофито и совршено вкусен комфорт! Одлично во засебна варијанта или како прилог, за секој ден, за дома, за гости и за празници!

Кремасто пире од млади компири 2

Состојки:

  • 1 кг млади компири 
  • 1/2 чаша (120 мл) млеко
  • 1/2 чаша (120 мл) од водата во која се вареа компирите 
  • 1-2 лажички сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • морско оревче – по желба
  • магдонос или друг свеж зачин за гарнирање 
  • 2 лажици ладноцедено масло од тиква од Фила (по вкус може и повеќе).

Подготовка:

  1. Компирите измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцки околу 5 см. Ставете ги во вода со 1 лажиче сол која ги покрива целосно и остануваат барем неколку см вода над нив во тенџерето. Оставете ги да се варат околу 15 минути откако ќе зовријат или додека убаво омекнат.
  2. Тргнете настрана 1/2 чаша од водата во која се вареле, а потоа процедете ги и испасирајте ги веднаш додека се топли.
  3. Поросете од зачините, додајте го маслото од тиква и постапно со мешање измеѓу, додајте го прво млекото, а потоа водата од компирите (не наеднаш за да може добро да се распореди и да си ја одберете густината и кремавоста на пирето).
  4. Пробајте и по желба додајте од зачините дополнително.
  5. Гарнирајте со свеж магдонос, уште малку масло од тиква и послужете. На здравје!
Кремасто пире од млади компири 3

Совети плус:

  • За поизразен ,,јаткаст вкус” ставете повеќе лажици од ладноцеденото масло од тиква.
  • Како дополнение на тоа, а и за веган верзија, употребете бадемово млеко наместо кравјо, вкусот е фантазија!

Зошто го вклучивме ладно цеденото масло од тиква во рецептов?

Научно е докажано дека маслото од тиквини семки го регулира нивото на холестеролот, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања. Тоа содржи есенцијални масни киселини, Омега-6 и Омега-9, кои го нормализираат нивото на холестеролот, го намалуваат крвниот притисок и ја спречуваат појавата на хипертензија. Изобилува со витамини и минерали и помага за целокупното здравје на човекот. Особено се препорачува:

  • за намалување на воспаленијата
  • како дополнителна храна за пациенти болни од карцином
  • при проблеми со простата
  • за подобрување на функцијата на бубрезите
  • подобрување на кардиоваскуларниот систем
  • помага против опаѓање на косата
  • помага во спречување на остеопорозата
  • за нега на кожата
  • за подобрување на менталното здравје
  • дијабетес
  • зголемување на производството на млеко кај доилките.
масло од тиква фила

Се надеваме дека ве мотивиравме за да започнете со негово користење. Посетете ја онлајн продавницата на Фила, набавете го,  а за повеќе информации заследи ги на Facebook и Instagram и биди во тек со сите новости и акции.

Ви препорачуваме да прочитате: Здрава и лесна крем чорба од тиква.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Рецептот е овозможен од Фила.

Сподели: