За вкусот на овој кремаст колач со лешници е заслужен пудингот од слатка павлака и аромата која се создава при потпекувањето на лешничиња. Уште кога ќе го погледнете, знаете дека е сочен, освојува на прв поглед!
Описот е малку подолг, но тоа нека не ве плаши, прочитајте и ќе видите дека не е тешко. Вреди да се проба, ќе се изеде во еден ден!

Состојки:
За пандишпан:
- 6 јајца
- 180 гр шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 6 лажици жешка вода
- 100 гр путер
- 100 гр потпечени мелени лешници
- 120 гр брашно
- 40 гр нишесте (густин)
- 2 лажици какао
- 1 прашок за печиво.
За фил:
- 3 пудинзи со вкус на слатка павлака
- 750 мл млеко
- 300 гр шеќер
- 250 гр путер на собна тепмература
- 100 гр бело чоколадо.
Чоколаден ганаш:
- 200 гр чоколадо за готвење
- 200 мл слатка павлака
- 50 гр путер.
За попарување на пандишпанот:
- 200 мл жешко млеко
За украсување:
- по потреба шарени шеќерни трошки.
Подготовка:
- За подготовка на овој колач најпрво треба да го сварите пудингот за да има време убаво да се излади. Пудинзите растворете ги со малку млеко и шеќер, а останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Откако ќе зовријат додајте го пудингот и мешајте да се згусти. Покријте го со проѕирна фолија или капак за да не фати коричка и оставете го да излади. Додека пудингот се лади, започнете со подготовка на колачот.
- Подготовка на пандишпанот. Путерот ставете го да се стопи и изладете го.
- Во сад измешајте го брашното, нишестето, лешниците, какаото и печивото.
- Јајцата матете ги со додавање на лажица по лажица од водата, а потоа полека додавајте го и шеќерот, додека смесата стане светла и кремаста. Додајте го путерот и со најмала брзина изматете го во јајцата. Потоа, додајте ја мешавината од брашно и изматете ја целата смеса за да се изедначи.
- Готовата смеса турете ја во голем плех намачкан со масло и посипан со брашно и печете во загреана рерна на 180 степени, за време од околу 15-20 минути. Печениот пандишпан оставете го да се излади и подгответе го филот.
- Подготовка на филот. Чоколадото стопете го на пареа и оставете го да се излади.
- Изладениот пудинг изматете го со миксер.
- Во друг сад изматете го путерот и почнете постепено, лажица по лажица да додавате од пудингот. Матете додека убаво се изедначат. На крајот додајте го чоколадото и повторно изматете убаво за да се изедначи целиот фил.
- Филовање на колачот. Изладениот пандишпан попрскајте ја со жешкото млеко, па одозгора ставете го целиот фил и порамнете го. Ставете го во замрзнувач, за малку да се стегне филот и подгответе го ганашот.
- Во сад на оган загрејте ја слатката павлака (но не да зоврие), па додајте го чоколадото искршено на коцки и путерот. Мешајте за да се соединат во изедначена смеса и прелијте го колачот. Малку израмнете го со нож, а одозгора ставете шарени шеќерни трошки.
- Готовиот колач оставете го неколку часа во фрижидер за да се стегне и да се спојат вкусовите,а потоа сечете парчиња и по служете го. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Кремаст чоколаден колач без печење.