Никогаш доста од превкусни испробани рецепти за крем супи! Ние ги обожаваме, а нашите драги соработнички често ги прават. Така наидовме и на овој рецепт за крем супа со аспарагус кој го направи Невена. Уживаме во новите вкусови!
Соберете го семејството и не се двоумете да ја пробате, ќе погледнете вкусно задоволство на лицата на вашите сакани.

Состојки:
- 500 гр аспарагус
- 350 гр компири
- 1/2 мала главица кромид
- 100 мл неутрална павлака за готвење
- 1 лажица путер
- 7-8 лажици маслиново масло
- мешан сув зачин, сол и црн пипер по вкус
- околу 1 литар вода.
Подготовка:
- Стапчињата аспарагус излупете ги на долниот дел, измијте ги и исечете ги на помали парчиња.
- Компирите излупете ги и исечете ги на плочки, а кромидот ситно исечкајте го.
- Сите заедно ставете ги во тенџере и додајте ја водата, маслото и зачините по вкус.
- Ставете го тенџерето да вари околу 20-25 минути додека зеленчукот омекне, а потоа изблендирајте го за да се добие мазна смеса. По желба оставете неколку цели парчиња од врвовите за декорација.
- Додајте ги путерот и неутралната павлаката за готвење, па вратете ја супата на оган да повари уште 5-6 минути. По потреба додајте уште зачини.
- Готовата крем супа послужете ја топла со печен леб. Може и салата, а по вкус е добро да си ја посипите со малку пармезан. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Крем супа од целер.