Време е за нови вкусови! Сигурни сме дека досега не сте пробале ваква крем чорба од пченка. Благодарение на Катерина и нејзиниот одличен рецепт, сега сите ќе може да направиме нов рецепт и да го почестиме семејството.
За да ја направите оваа крем чорба од пченка потребни ви се неколку едноставни состојки. Пробајте ја, нема да погрешите!

Состојки:
- 500 гр пченка од конзерва
- 1 лажичка брашно
- 25 гр путер
- 300 мл млеко
- 200 мл вода
- мало парче свеж ѓумбир
- 1 мала главица кромид
- 6 гранчиња магдонос
- малку морско оревче
- по потреба сол, црн пипер.
Подготовка:
- Во тава на оган ставете ја пченката со 10 гр путер.
- Пржете ја 5-10 минути на среден оган.
- Одвојте 4 лажици од пропржената пченка, а другата изблендирајте ја.
- Во тенџере на оган ставете го останатиот путер да се растопи.
- Додајте ги ситно сецканиот кромид и брашното, и пржете околу 2-3 минути.
- Потоа во тенџерето додајте ги блендираната пченка, целите зрна пченка, претходно загреаното млеко и вода, ренданиот ѓумбир, малку морско оревче, сол и мелен црн пипер.
- Оставете ја чорбата да проврие околу 10 минути.
- На крај, во топлата крем чорба од пченка додајте го сечканиот магдонос и послужете ја со препечено лебче. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: 5 добри причини да јадете пченка.