Одлични за со топол чај или кафенце! Штом ги каснете ќе може да уживате ви сензациите на крцкањето и слаткиот вкус. По предлог на Катерина, со задоволство споделуваме рецепт за крцкави колачи со орев, кои е идеални за деновиве на дружење и уживање со семејството.
Може да ве интересира: Божиќни колачи со лешници.

Состојки:
- 3 филџани масло
- 2 филџани топла вода
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 500 гр брашно
- сечкани ореви по потреба
- мармалад по желба
- малку шеќер во прав.
Подготовка:
- Во поголем сад ставете ги брашното, маслото, водата, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.
- Од нив замесете тесто кое е добро изедначено.
- Од тестото обликувајте топчиња, кои потоа треба малку да ги притиснете со помош на рацете, а на средината со прстите направете мала вдлабнатина.
- Во секоја од вдлабнатините ставете во мармалад по желба и по малку оревчиња.
- Така припремените колачи редете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 180 степени додека се стврднат за да бидат крцкави.
- На крај, испечените колачиња посипете ги со шеќер во прав. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави колачи со цитрон и лешници.