помфрит

Крцкав помфрит подготвен во рерна

Крцкав помфрит со совршена златна боја и текстура директно од вашата рерна! Повеќе не мора да јадите во ресторан, за да уживате во перфектно подготвен помфрит. Сѐ што ви е потребно е да набавите една ќесичка замрзнати компири и да ги следите нашите инструкции. Полесно не може да биде, а крајниот резултат е спектакуларен! За само 20-тина минути на вашата трпеза ќе сервирате крцкав помфрит подготвен во рерна.

Израдувајте ги вашите деца, а и самите себе. Поздрава, но и многу побрза и полесна варијанта на пржените компири, а вкусот е дури и подобар. Пробајте и ќе се уверите и сами!

помфрит печен во рерна

Состојки:

  • 450 г замрзнати компири за помфрит
  • ¼ чаша масло
  • сол и црн пипер по вкус
  • зачини по желба (лук и кромид во прав, чили, оригано или било кој зачин по вкус).

Подготовка:

  1. Плехот обложете го со хартија за печење, а потоа распоредте ги замрзнатите компири за помфрит.
  2. Прелијте ги со масло и зачинете ги со сол и црн пипер по вкус. По желба може да ги поросите со лук и кромид во прав, чили, оригано или некој друг зачин.
  3. Добро измешајте ги компирите за да се распоредат зачините и подредете ги во плехот така што нема да се допираат меѓу себе (најдобро е да бидат во еден слој).
  4. Вака подготвените компири печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или додека се готови.
  5. Печените компири послужете ги додека се топли како прилог по избор или самостојно. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за печење на замрзната риба.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: