Куркума против анксиозност и депресија

Овој зачин е познат низ целиот свет благодарение на многубројните лековити својства кои ги поседува. Па така, со право зачинот куркума се нарекува жолто чудо од природата. Претставува еден од најмоќните природни лекови, а нејзината лековитост се должи токму на активната состојка куркумин. Во продолжение дознајте за корисните ефекти на ароматичната куркума против анкзиозност и депресија. 

Уште многу одамна е познато дека куркумата поседува анти-воспалителни својства, но денес се знае дека таа има благопријатно дејство за многу болести, па дури и за најтешките како што се канцерот и Алцхајмеровата болест.

куркума против анксиозност

Куркума против анксиозност и депресија

Истражувањата покажале дека куркумата може да биде корисна против анксиозност и депресија. Овој зачин може да помогне за балансирање на серотонинот, допаминот, глутаматот и норадреналинот. Таа го поттикнува производството на глутатион кој е есенцијален антиоксиданс за здравјето на мозокот. Согласно истражувањата, куркумата може да помогне во лекувањето на оштетувањата предизвикани од тешките метали. Истражувањата исто така потврдиле дека куркумата ги штити хипоталамусот, хипофизата и надбубрежните жлезди од оксидативно оштетување.

Едно истражување кое го водел психологот Адријан Л. Лопрести, имало за цел да го утврди влијанието на куркумата и шафранот со делувањето на лековите против депресија. Се покажало дека овие зачини се ефикасни колку лековите и тоа без пропратни негативни дејства. Испитаниците (поголемиот број страдале од депресија повеќе од 5 години и земале антидепресиви), во тек на 5 -12 недели ги земале овие зачини. Било забележано дека има подобрување на симптомите. Исто така, било утврдено дека куркуминот помага и при анксиозност. Психологот, од ова истражување заклучил дека влијанието на куркуминот е импресивно!

Куркумата помага против воспаленија кои се чести кај лицата со депресија

Неодамнешните студии ги имаат потврдено антивоспалителните ефекти на куркумата. Лицата кои користеле 1000 мг куркума во рок од 6 месеци имале помали нивоа на инфламаторните цитокини – интерлеукин-1β  и ТНФ-α во крвта. Ова е многу значајно откритие, затоа што воспаленијата се поврзуваат со многу психички состојби. Добро е да се знае дека куркумата помага за зголемување на фокусот и когнитивните можностиИстражувањето на психологот Лопрести, открило дека куркуминот делува подобро при атипична депресија. Лицата со таков вид на депресија се чувствителни на отфрлање. Тие се чувствуваат подобро кога има позитивни случувања во нивниот живот и може да имаат зголемен апетит. Овие симптоми не се присутни кај типичната депресија. Луѓето кои патат од атипична депресија повеќе патат од воспаленија во однос на оние кои патат од типична депресија. Според тоа антивоспалителната моќ на куркуминот е поефикасна кај атипичната депресија. Куркумата и шафранот го зголемуваат нивото на серотонин и допамин, тоа се важни супстанции во мозокот, чие ниво обично е ниско кај депресивните луѓе. Добрата страна на овие зачини е тоа што ублажуваат анксиозност, бидејќи го намалуваат лачењето на кортизолот, кој е важен хормон за појава на стрес.

Како може да ја искористите куркумата за подобрување на расположението?

За почеток, ако се чувствувате благо потиштено, можеби е добра идеја да додадете половина лажичка куркума од Рајска градина во јадењето, заедно со малку шафран и свежо измелен црн бибер. Црниот бибер е корисен бидејќи пиперинот во неговиот состав му помага на куркуминот за подобро да биде искористен во организмот.

лате куркума

Лате со куркума за енергетски почеток на денот

Друга идеја е да си направите лате со куркума. Измешајте 1 чаша вода со ½ чаша куркума во прав од Рајска градина. Садот ставете го на оган на ниска температура за време од 7 минути. По потреба додајте вода, доколку смесата стане многу сува. Садот тргнете го од огнот и додајте 1/3 чаша нерафинирано органско кокосово масло или екстра девствено маслиново масло, и ½ до 1 мала лажица мелен црн бибер. Измешајте и пастата ставете ја во стаклена тегла во фрижидер.

На утро, ставете 1 мала лажичка од пастата во чаша. Додајте зачини како цимет, кардамон или каранфилче. Засладете со мед и додајте 1/3 чаша млеко од бадеми или кокс. Дополнете со врела вода и измешајте. Уживајте во утринското лате со куркума.

Наша препорака за вас

Нашите пријатели од Рајска градина имаат голем избор на зачини кои често ги користиме и препорачуваме. На големо задоволство за сите нас, куркумата и останатите зачини може да ги најдеме лесно во сите поголеми маркети. Достапни се во ќесичка како на фотографијата во: Тинекс, Жито Велес, Стокомак, Грандпром Зур, Гиго Трејд, Принц, Гранап, Омер компани, Денар дисконт, МБ Илинден, Футура, Меше промет, Шопе, Карат, Семафор, Балкопром, Монтенегро.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои се храна и лек.

*Спонзориран текст

Сподели: