Овој лековит напиток од ѓумбир против болки и воспаленија има долга традиција, а тоа се должи на неговото поволно влијание за здравјето. Доколку чувствувате некаква глабоволка, стомачна болка или имате воспаление за кое мислите дека можете самите да се справите, пробајте го овој домашен и напиток од ѓумбир кој помага за општо подобро здравје.
Ѓумбирот се користи повеќе од 2000 години во Кина и тоа за разни здравствени користи. Познат е по тоа дека помага при мачнини и повраќање, при артритис, стомачни и срцеви проблеми. Покрај тоа, ѓумбирот помага и при хронични болки и мигрени, како и делува превентивно против настинки и грип.

Може да ве интересира: За 2 минути подгответе природен напиток за силен имунитет.
Состојки:
- 2 шолји вода
- 1 шолја излупен и ситно сечкан ѓумбир
- минерална вода по потреба
- природен мед по вкус
- неколку кришки лимон или лимета.
Подготовка:
- Двете шолји вода ставете ги во чист сад на оган и оставете да зовријат. Намалете ја температурата и додајте го претходно исечканиот ѓумбир, па оставете го да врие во водата околу 5 минути.
- Трнете го садот од огнот и процедете ја течноста.
- Сирупот од ѓумбир разредете го со газирана вода во размер од 1:3 и послужете го ладен, а по желба додадете и мраз, природен мед и лимон или лимета.
Ви препорачуваме да прочитате: Како од ѓумбир да направите напиток против надуеност?