Природен лек за регулирање на шеќерот во крвта и за слабеење 1

Природен лек за регулирање на шеќерот во крвта и за слабеење

Само 3 лесно достапни намирници се доволни за да направите домашен лек за регулирање на шеќерот во крвта, а плус помага и за полесно слабеење.

Направете ароматичен напиток од цимет кој ќе ви помогне да имате подобро здравје и да ослабите полесно. Домашниот препарат од цимет и каранфилче може да го подобри вашето здравје и да биде корисен сојузник во борбата со килограмите.

Природен лек за регулирање на шеќерот во крвта и за слабеење 2

Циметот ја збогатува трпезата со неодолива арома, но и многу е здрав. Како една значајна негова карактеристика е способноста да помогне во регулирање на шеќерот во крвта. Делува позитивно и во случај на габични инфекции, намалува надуеност и е моќен антиоксиданс.

Кога се во прашање лековитите својства, каранфилчето не заостанува. Тоа е зачин кој помага за ослободување на телото од токсините, ублажува забоболки и влијае поволно на здравјето на срцето.

Состојки:

  • 2 стапчиња цимет
  • 30 гр каранфилче
  • 5 литри вода.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Циметот и каранфилчето ставете ги во водата и оставете ги така да стојат 4-5 дена ,во фрижидер.
  2. Напитокот консумирајте го наутро на празен стомак. Пред пиење, по желба може да го процедувате, а треба да дозирате по 100 мл.
  3. Кога од напитокот ќе ви остане само 400 мл, направете нова доза. Откако ќе испиете 3 дози од напитоков, направете пауза од 15 дена и по потреба повторете го третманот.

Забелешка: Доколку сметате дека има потреба, советуваме да се консултирате со лекар.

Ви препорачуваме да прочитате: Руски рецепти против покачен крвен шеќер.

Сподели: