Лесен куглоф со чоколаден крем 1

Лесен куглоф со чоколаден крем

Еве еден одличен предлог за брз и лесен десерт, а плус и едноставен за подготовка! Па, кога немате идеја како да ги засладите и израдувате најмилите, направете им го овој лесен куглоф со чоколаден крем!

Освен што не е потребно многу време, ни пари, состојките се лесно достапни и даваат вкус кој долго ќе го паметите. Многу убаво се вклопува со кафе, како ужина за децата или за мали забави и моменти на уживање. Пробајте го и на здравје!

Лесен куглоф со чоколаден крем 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Најпрво издвојте ги белките од жолчките, па во сад за матење изматете ги белките заедно со прстофат сол. Матете ги додека се претворат во цврст снег, а потоа додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер.
  2. Во друг сад за матење убаво изматете ги жолчките, па кон нив додајте го маслото и со лажица измешајте ја смесата.
  3. Во садот со жолчките додајте ги и изматените белки и повторно измешајте за да се формира изедначена смеса која ќе биде целосно хомогена.
  4. Откако ќе видите дека смесата е убаво измешана, додајте ги брашното, печивото и ситно ренданата кора од лимон.
  5. Пред да ја ставите смесата во калапот за куглоф, дел од неа тргнете на страна и во него додајте го какаото и чоколадниот крем. Измешајте убаво за чоколадната смеса да биде спремна за шарање на куглофот.
  6. Калапот за куглоф припремете го така што ќе го намрсите и ќе го набрашните. Потоа ставете ја светлата смеса.
  7. Со помош на лажица и рамномерно излевање на одредени места или во вид на линии, распоредете ја чоколадната смеса за да ги оформите шарите.
  8. Вака припремениот шарен куглоф печете го во претходно загреана рерна на 200 степени, за време од околу 40 минути.
  9. Горната површина на овој вкусен куглоф може да ја декорирате по желба. Сервирајте и на здравје!
Лесен куглоф со чоколаден крем 3

*Комерцијален текст.

Ви препорачуваме да прочитате: Чоколаден крем колач со лешници и ореви без матење.

Сподели: