посни пиварки со ореви

Лесен рецепт за посни пиварки со ореви

„Овие се колачи кои никогаш нема да ви досадат! Крцкави и со полн јаткаст вкус од ореви, совршени за со утринското кафе! Рецептов за посни пиварки со ореви го подготвува мајка ми со години и ми е меѓу омилените за суви колачи, па со радост го споделувам со сите вас!“ –  споделува со нас Катерина од нашиот тим.

И со насмевка, Катерина ни раскажува: „Уживање кое може да се сподели со домашните, пријателите, а децата посебно ги обожаваат, па може да ги спремате и за разни прослави. Убаво е што од само неколку состојки, кои скоро секогаш ги имаме дома, едноставно и брзо може да добиете превкусни колачи.“

посни пиварки со ореви 1

Состојки:

За колачи:

За прелив:

За посипување:

  • 100 грама мелени ореви.
посни пиварки со ореви 3

Подготовка:

  1. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер, прстофатот сол и сечканите или толчени ореви. Измешајте.
  2. Во садот додајте ги и течните состојки – пивото и Брилијант маслото. Повторно измешајте ги и замесете тесто кое е убаво изедначено. 
  3. Од тестото оформете долга „векна“ и поделете на парчиња, а притоа планирајте големината на колачите да биде колку орев.
  4. Од секое делче направете колаче. Прво притиснете го и во средина ставете парче од јатка од орев, а потоа оформете топче. Постапката повторувајте ја додека се потроши тестото.  
  5. Колачите редете ги во намрсена тава за печење или обложена со хартија за печење.
  6. Печете во загреана рерна на 220 степени, за време од 15 до 20 минути, додека добијат румена боја и станат крцкави.
  7. Додека колачите се испечат, направете го шербетот. Во тенџере на оган ставете ги шеќерот, ванилиниот шеќер и водата да се варат. Шербетот варете го 5 минути, а потоа додајте го лимоновиот сок и оставете го 3 до 5 минути за малку да се излади.
  8. Неколку минути откако ќе ги извадите од рерната печените колачиња, топли, потопете ги во шербетот за време од 1 минута ако сакате да се покрцкави, или околу 2 минути ако сакате да се посочни. Веднаш потоа наросете ги со мелени ореви или извалкајте ги во сад со мелените ореви. Уживајте во светот на вкусовите!
посни пиварки со ореви 4

Препорака и совет плус од авторот:

Морам да споделам уште еден мал совет со вас. Ако сте љубители на чоколаден вкус и тоа како ви препорачувам, во смесата за подготовка да додадете 1 полна лажица чоколадно какао, а по желба оревите да ги замените со лешници. Неколку пати ја имам направено и оваа комбинација, а вкусот е… како да ви кажам, не се пренесува со зборови, предобар. Вреди да пробате! 🙂

Ако го пробате рецептот и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе испробани рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина. 

Автор на рецепт и фото: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Редена баклава со фил од ореви.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: