Интересен рецепт за подготовка на шпагети во сос од пармезан и лимон кој нема да ви одземе многу време, а освен тоа и припремањето е многу лесно. Ако сакате да избегате од секојдневните вкусови на кои сите сме навикнале, ова е вистинскиот избор за вас!
Несекојдневниот и свеж рецепт за шпагети во сос од пармезан и лимон го најдовме на страницата Kuhinjica Mignone кај нашата пријателка Лана, па повелете прочитајте ја постапката за да може да си ги направите и вие дома.

Состојки:
- 300 гр шпагети
- 1 поголем лимон
- 40 гр пармезан
- свеж босилек
- маслиново масло
- сол и црн пипер.
Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете вода да се вари.
- Во зовриената вода ставете ги шпагетите да се варат. Техниката за најдобро варење на шпагети прочитајте ја тука.
- Додека шпагетите се варат направете го сосот. Свежиот босилек ситно исечкајте го.
- Лимонот прво измијте го и изрендајте ја кората и пармезанот, исто така.
- Додајте сол и црн пипер по вкус, како и малку маслиново масло за да се спои убаво смесата.
- Сварените и исцедени тестенини измешајте ги со припремениот сос. Декорирајте со ливчиња свеж босилек и неколку резанки од лимонова кора.
Едноставно и брзо припремените шпагети во сос од пармезан и лимон се освежителни и погодни за вкусување со сите членови на семејството. На здравје!