Малку поразличен и свеж предлог за разубавување на менито во топлите денови! Одлична за лик и вкусна за јадење компир салата со зеленчук и јајца! Да ја пробаме!
Ни ја предлага Катерина М, а еве што вели: „Еве еден предлог од мене како промена на класичната компир салата. Вметнав малку свежи состојки и добив одличен краен резултат.“

Состојки:
- 250 г компир
- 125 г моцарела
- 1 рака ситно сечкана зелка
- 2 млади кромидчиња или 1 помала главица кромид
- 4 јајца од препелица
- 5 листа марула
- 5 ротквици
- 1 главица цвекло
- по потреба сол, црн пипер, масло, јаболкова киселина.
Подготовка:
- Најпрво измијте ги компирите, па ставете ги да се варат.
- Излупете го и сварете го и цвеклото.
- Сварените компири излупете ги и грубо испасирајте ги.
- Марулата и зелката ситно исечкајте ги и додајте ги во чинијата со компири.
- Ротквиците исечете ги на тенки кругови и нив додајте ги во чинијата.
- Додајте го и сечканиот кромиид и моцарелата исечена на мали коцки.
- Зачинете со сол, сол, црн пипер, масло и јаболкова киселина по вкус. Измешајте убаво.
- На крај, додајте го и цвеклото исечено на мали коцки и сварените јајца исечени на половинки.
- Измешајте малку и на здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Медитеранска салата со компири и домати.