Повеќе не мора да ги прекривате креветите затоа што вашето дете истурило кафе или сок на нив. Ослободете се од досадните дамки кои го грдат мебелот на многу лесен и едноставен начин и тоа само со една состојка – медицински алкохол. На овој начин мебелот од микрофибер ќе заблеска исто како нов!
Сите оние кои имаат мали деца знаат колку лесно се валка мебелот од микрофибер и колку е тежок за одржување. Па, уште доколку имате и домашно милениче, веројатно го поминувате целиот ден во негово чистење. Ние пронајдовме многу едноставен начин како да ги исчистите креветите од микрофибер. Во продолжение дознајте што се ви е потребно за овој едноставен трик за чистење.

Како да ги исчистите креветите од микрофибер со помош на алкохол?
Потребни материјали:
- медицински алкохол
- шише со распрскувач
- четка за чистење со меки влакна
- сунѓер.
Начин на подготовка и користење:
- Медицинскиот алкохол турете го во шишенце со распрскувач и испрскајте ги валканите делови на креветот. Алкохолот многу побрзо испарува од водата, па нема да останат водени дамки.
- Откако ќе го испрскате креветот, со помош на сунѓер енергично тријте ги сите места кои сте ги попрскале со алкохол.
- Откако материјалот ќе се исуши од алкохолот, нежно поминете го со четка со меки влакна. На овој начин микрофиберот ќе омекне и влакната од материјалот ќе се вратат на старото место.
Совет плус: Четката и сунѓерот треба да бидат бели, бидејќи во спротивно може да премине нивната боја врз микрофиберот.
Ви препорачуваме да прочитате: 8 природни намирници за лесно чистење на домот.