Весна многу убаво презентира, па како човек да одолее, а да не ги приготви нејзините специјалитети. Пребарувајќи низ нејзината страница, наидовме на интересна летна оброк салата со пилешко месо, која е свежа и добро најадува.
Еве што поточно вели Весна: „Еве една салата, ем брзо, ем вкусно, ем здраво, а и разладувачко ручече. Не сме баш ние научени на вакви салати кои треба да го заменат целиот оброк, но некако тоа беше првото што го прифатив во туѓина, зашто е по мој вкус. Знаеме да ги ситниме салатите, оние француските, ама ете може и вака, свежа, сочна, баш летна, одлична за горештините!“

Идејата ни е тука, во описот на рецептот таа ни кажува колкави количи од состојките употребила. А, сепак за најдобро, количината на состојките ја препушта на нашата потреба.
Може да ве интересира: Брза оброк салата од пилешко месо.
Состојки:
- свежи или замрзнати пилешки гради
- просо
- зелена салата
- пиперка
- домат
- тиквица
- ротквица
- целер
- маслиново масло
- зачини, лимонов сок, сол
За сос:
- мајонез со кари
- сенф
- кисело млеко
- маслиново масло
- лук
- лимон
- црн пипер
- зачини по желба
- лимонов сок.
Подготовка:
- Пилешкото месо прво исечете го на коцки, и малку запржете го во маслиново масло, на тефлонско или грил тавче. Доколку пак имате веќе подготвено месо и ви останало, слободно искористете го!
- Сварете две шаки просо.
- Измешајте ги состојките за сосот, доволно е по две лажици, кисело млеко малку повеќе, а како што рековме, најдобро да го пробате и да си го дотерате по вкус.
- Додадете малку лимон, пресован лук и зачини по желба, црн пипер, сол, лимонов сок…
- Исечкајте го зеленчукот, ставете го во сад за салата, додадете го месото, просото и промешајте.
За крај, Весна завршува: Одозгора прелијте го сосот, не ставив многу за да се види салатата, а потоа ставив повеќе, треба да не е сува, но не и целосно во сос.“ На здравје пријатели!
Рецептот го испратил: Весна Рор.
Ви препорачуваме да прочитате: Салата со пилешко месо и марулка во сос од јогурт.