Лиснат тарт со тиквички 1

Лиснат тарт со тиквички

Немате идеја што да подготвите да биде лесно и брзо, а воедно и вкусно? – Кога ќе го прочитате рецептот за лиснат тарт со тиквички, веднаш ќе ги „засукате ракавите“ и ќе го направите ова навистина вкусно јадење.

Рецептот ни доаѓа од блогот на нашата пријателка Лана која секогаш е расположена да ги сподели нејзините вкусни рецепти со нас, а ние тие рецепти ви ги пренесуваме вам. „Лесно достапните состојки и брзата подготовка даваат одличен резултат и вкусен лиснат тарт. Би било штета да не го направите барем еднаш за да го пробате. По желба можете да додадете шунка или сланина и сигурна сум дека ќе ги направите и втор пат.“ – вели Лана. Па, пробајте и уживајте!

Лиснат тарт со тиквички 2

Состојки:

  • 250 г лиснато тесто
  • 1 помала тиквичка
  • 250 г ситно сечкано сирење
  • 2 лажици кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1 праз
  • 100 г изрендан кашкавал
  • сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Лиснатото тесто тенко развлечете го.
  2. Со поголем тркалезен калап или поголема чаша извадете повеќе кругови.
  3. Секој круг уште малку растегнете го со оклагија (широко сукало), па ставете го во тркалезниот калап. Калапот претходно не треба да се премачка со масло.
  4. Празот исечкајте го на тенки прстени и пропржете го со малку масло. Кога ќе стане стаклест, тргнете го од ринглата и распоредете го низ тестото.
  5. Јајцата малку изматете ги со виљушка.
  6. Сечканото сирење ставете го во подлабок сад. Измешајте го со киселата павлака и додадете ги јајцата. Ставете сол и црн пипер по ваш вкус.
  7. Тиквичките исечете ги на тенки кругови заедно со лушпата.
  8. Над празот ставете го сирењето со павлаката и јајцата и посипете со кашкавал.
  9. Од горе наредете ги круговите тиквички така што малку ќе се преклопуваат, па ставете го преостанатото сирење.
  10. Тартот печете го во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Може да се послужат топли или млаки за појадок, вечера, па дури и за некоја свечена прилика. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Лиснати полжавчиња со тиквички.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: