„Топло ви препорачувам да ги пробате. Сосот е превкусен.“ – ни препорача Катерина. Па, ја послушавме и се уверивме во вкусот, навистина се одлични нејзиниве макарони во доматен сос!
Рецептот е тука и сега може да си ги направите и вие во вашиот дом.

Состојки:
- 300 гр макарони
- 200 гр чадена сланина
- 330 гр густа доматна салса
- 8 лажици кремаста павлака за готвење
- 1 лажичка путер
- сол и црн пипер по потреба
- рендан пармезан и рукола по потреба.
Подготовка:
- Во солена зовриена вода ставете ги макароните да се варат.
- Истовремено приготвувајте го сосот.
- Во тава на оган сосема кратко пропржете ја сланината.
- При крај на пржењето додајте го путерот.
- Откако ќе се растопи додајте ја доматната салса и наросете црн пипер.
- Оставете малку да прокрчка, па додајте ја павлаката за готвење.
- Намалете го огнот на најтивко и оставете да прокрчка сосот 2-3 минути.
- Откако макароните ќе се сварат, исцедете ги и додајте ги во тавата со сосот и измешајте.
- Послужете ги со рукола и наросете го со рендан пармезан. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Запечени тестенини со туна и доматен сос.