макарони со ќофтиња во сос

Макарони со ќофтиња од мелено месо во сос

Немаш идеја што вкусно да зготвиш? – Продолжи со читање и откриј го рецептот за брзите макарони со ќофтиња од мелено месо во сос од домати. Може да се каже дека е едноставно јадење кое може да се приготви за кратко време и може да го приготви секој! 

А кој не обожава тестенини? – Италијанската кујна е една од омилените во светот, па никој нема да рече „не“, на вака добро зготвено и вкусно јадење.

макарони со ќофтиња во сос

 

Состојки:

  • 350 г тестенини

За ќофтиња:

За сос:

  • 3 големи зрели домати
  • 1 модар патлиџан
  • 1 чешне лук
  • оригано по вкус
  • лута пиперка по желба
  • сол, црн пипер по вкус
  • маслиново масло

За декорација и сервирање:

  • малку рендан пармезан
  • гранче свеж магдонос или мајчина душица.

Подготовка:

  1. Најпрво припремете ги ќофтињата. Лебот натопете го со вода или млеко и исцедете го. Измешајте го меленото месо и лебот, а потоа додајте го и јајцето, посолете и наросете со црн пипер. Направете мали ќофтиња.
  2. За сосот, модриот патлиџан прво исечете го на кругови со дебелина од половина сантиметар, малку запржете го, а потоа исечете ги парчињата на лентички или ситни коцки. Доматите кратко потопете ги во врела вода и отстранете ја лушпата. По желба, извадете го семето и исечете ги на коцки.
  3. Претходно припремените ќофтиња пропржете ги во малку масло од сите страни, па додајте го ситно сечканиот лук и исечканиот домат. Посолете и кратко динстајте така што повремено ќе долевате по малку вода по потреба. Додајте го претходно припремениот модар патлиџан, оригано и малку лута пиперка ако сакате.
  4. На крај, сервирајте ги макароните со ќофтињата од мелено месо и сосот, декорирајте со рендан пармезан и гранче магдонос, и на здравје!

Совети плус:

  • Наместо макарони, може да користите шпагети или други тестенини по желба.
  • Ако немате пармезан, а имате биено сирење, подеднакво е вкусно за декорација и сервирање на крај.
  • Ако некоја состојка од сосот не ви се допаѓа или ја немате, едноставно заменете или изоставете, сосот е лесно прилагодлив.
  • За подготовка на ќофтињата, може да користите свинско, јунешко или мешано мелено месо. А како проверени за квалитетно месо ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа ширум земјата. Во нивните месарници во Велес, Битола и Штип ќе пронајдете свежо свинско и јунешко месо од домашно производство. Месото е домашно со врвен квалитет, бидејќи Агриа работат по принципот од „нива до трпеза“. Имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња.
чили кон карне

За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: Брз рецепт за печени ќофтиња со кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Рецептот е овозможен од Агриа.

Сподели: