Мак или уште познат како афионово семе, е намирница која е обожавана од голем број луѓе, со карактеристичен вкус, а и хемиски состав. Одличен е за декорирање на голем број солени и слатки специјалитети, па е често користено и тоа најмногу за подготовка на печива.
Состав на афионовото семе
Посебно обележје за макот е тоа што претставува богатството од минерали. Семенките мак содржат 33 минерали, меѓу кои најзастапени се калциум, магнезиум, железо, цинк, јод, манган, бакар итн.
Ензимите во составот на афионовото семе ја подобруваат работата на гастроинтестиналниот систем, а посебно позитивно влијаат врз варењето на храната и го стимулираат исфрлањето на крајните метаболитички производи.
Семето од мак исто така содржи незаситени масни киселини, пред се линолна и олеинска киселина, кои поволно влијаат на намалувањето на нивото на холестерол во крвта.

Макот содржи и бројни витамини, посебно од Б групата (а од нив најмногу ги има тиамин и рибофлавин), други корисни материи како лецитин, оксалатна киселина и аморфни алкалоиди, како и 17 амино киселини во својот состав.
Високата содржина на протеини и бионутриенти претставуваат важна потпора за нашиот организам и ваквиот состав е силна препорака за ова семе да биде застапено на вашата мени листа.
Корисно влијание на семето од мак врз организмот
Макот помага против болки, ја подобрува и поддржува работата на срцето, ја подобрува циркулацијата и штити од воспалителни процеси во организмот. Мононезаситените киселини во состав на семето од мак се важни за регулирање на холестеролот во крвта, така што влијаат во намалување на лошиот (ЛДЛ) холестерол и зголемување на добриот (ХДЛ) холестерол.