Планирате пикник со пријателите или ручек со најблиските во вашиот дом? – Имаме одличен рецепт за вас! Вкусни маринирани ребра, идеални за на скара или во рерна. Како и да ги подготвите, неизмерно ќе уживате!
Одлична гозба за сите! – Соберете го друштвото и уживајте во неодоливиот вкус на овие маринирани ребра. А наш предлог за максимално уживање е да ги послужите во комбинација со ладно пиво. Наздравете и препуштете се на моментот!

Состојки:
- 1 кг свински ребра од Агриа
- 500 мл пиво
- 2 лажици мед
- 50 мл соја сос
- 2 лажици кечап
- ½ лажичка чили зачин
- 1 лажичка црвена пипер
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во подлабок сад измешајте ги сите состојки. Додајте ги свинските ребра и превртете ги од сите страни.
- Садот покријте го и оставете ги ребрата да отстојат во фрижидер најмалку 2 часа.
- Потоа, извадете ги ребрата и исцедете ги.
- Скарата загрејте ја и ставете ги да се печат. За време на печењето, со помош на кујнско четче премачкувајте ги ребрата со маринадата.
- Готовите свински ребра послужете ги со гарнир по ваша желба. На здравје!
Совети плус:
- По желба, пред печење, свинските ребра премачкајте ги со пресован лук.
- Ребрата може да ги испечете и во рерна. Ставете ги во тава за печење, прелијте ги со маринадата и покријте ги со фолија или со капак во пекач. Ставете ги да се печат околу 70 минути, а потоа отстранете ја фолијата/капакот и вратете ги ребрата во рерна уште 20-30 минути.
- А за да добиете ребра со најдобар вкус, најважно е да користите свежо свинско месо. На тој начин маринадата полесно ќе се впие во месото, а со тоа и вкусот на печените ребра ќе биде подобар. Кога станува збор за свежо свинско месо, ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа. Од Агриа имаат ребра, а и други видови месо со врвен квалитет. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор!

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за совршено печено месо.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан рецепт.