Мармалад од моркови со портокал 1

Мармалад од моркови со портокал

Веќе е време да почнете со подготовката на списокот со сѐ што планирате да направите за зимница оваа годин. Секако, ако  сѐ уште не сте започнале со правење. Ви предлагаме оваа година  да пробате и некои нови рецепти за зимата да е поинтересна. Уживајте во новиот вкусен мармалад од моркови со портокал.

Ќе се изненадите колку колку лесно и брзо се прави, а и многу пријатен е за јадење. Совршен е за утрински појадок со парче препечен леб или палачинки, а совршено одговара со чаша чај или кафе. Па, за послатки утра и повесели денови, направете си го мармаладов и уживајте во појадокот на нов начин.

Мармалад од моркови со портокал 2

Состојки:

  • 500 г моркови
  • 400 г шеќер
  • сокот и кората од 1 портокал
  • сокот и кората од 1 лимон
  • 4 семки кардамон
  • 500 мл вода
  • 3 парчиња свеж ѓумбир

Подготовка:

  1. Најпрво морковите темелно измијте ги, излупете ги и изрендајте ги.
  2. Лимонот и портокалот добро измијте ги и почувајте ги во вода во која сте раствориле сода бикарбона околу 10 минути.
  3. Потоа, исцедете го сокот од лимонот и портокалот и изрендајте ја нивната кора.
  4. Во подлабок сад ставете ги ренданите моркови, шеќерот, сокот и кората од лимон и портокал и семките кардамон. Сите состојки добро промешајте ги и оставете ги да стојат преку ноќ.
  5. Следниот ден додајте ги водата и ѓумбирот.
  6. Потоа, сѐ заедно ставете на оган да се вари на ниска температура околу 1 час.
  7. Откако ќе добиете густ сируп, тргнете го садот од оган и соберете го мармаладот во чисти и стерилни тегли. Теглите со мармалад добро затворете ги, превртете ги и оставете ги да се изладат во целост.

Ви препорачуваме да прочитате: Мармалад од портокали и лимони.

Сподели: