Си се запрашал ли која била тајната за убавина и здравје на фараоните? Дали знаеш дека Клеопатра и Тутанкамон користеле масло од црно семе? Зошто ова масло било прв избор на староегипетските лекари? – Сега достапно и кај нас, со сите благодети кои ги нуди!
Маслото од црно семе потекнува од регионите на Јужна Европа, Северна Африка и Југоисточна Азија. Илјадници години се користело во традиционалната медицина за третман на широк спектар на болести, вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и карцином. Хипократ, таткото на медицината го сметал црното семе како многу вреден лек за дигестивни нарушувања. Црното семе се споменува во Библијата како и во зборовите на пророкот Мухамед, кој рекол дека црното семе е лек за сите болести освен за смртта. Дали тоа е така? – Ајде да провериме.

Кои се придобивките од маслото од црно семе?
И денешните доктори ги потврдуваат позитивните придобивки од маслото од црно семе. Благодарение на тоа што има антивоспалителен, антивирусен и антимикробен ефект, може да се користи за бројни медицински состојби – вели дерматологот Ерум Н. Илиас.
Може да помогне за слабеење
Маслото од црно семе помага за побрзо намалување на вишокот килограми. Едно истражување од 2015 година, заклучило дека жените кои консумирале масло од црно семе и биле на исхрана со мал број на калории значително ги намалиле килограмите и обемот на струкот, во споредба со другата група која не користела масло од црно семе, а применувала иста исхрана.
Го стабилизира нивото на шеќерот во крвта
Друга придобивка е тоа што маслото од црно семе може да помогне за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Според студијата објавена во Contemporary Therapies in Medicine, кај лицата со дијабетес кои користеле масло од црно семе било забележано подобрување во гликемскиот статус и липидниот профил.
Го намалува холестеролот
Маслото од црно семе може да го намали холестеролот. Истата студија која потврди дека маслото е корисно за слабаеење, заклучи дека употребата на масло од црно семе може да го намали вкупното ниво на холестерол, вклучувајќи го и лошиот холестерол.
Го намалува крвиот пристисок
Причина плус, зашто маслото од црно семе се користело векови наназад во традиционалната медицина. Една од неговите придобивки е тоа што може да се користи за намалување на високиот крвен пристисок. Истражувањето од 2013 година утврдило дека секојдневното користење на 5 мл масло од црно семе, во период од 8 недели помага за намалување на систолниот и дијастолниот крвен притисок.
Корисно е за кожата и косата
Благодарение на неговите анти-инфаматорни и антимикробни ефекти, маслото од црно семе може да се користи при псоријаза, егзема, витилиго и акни – вели дерматологот Азадех Ширази. Тоа помага за намалување на проблемите на скалпот – првут, сув скалп, себореа и кршливост на косата која може да настане во близина на фоликулите.
Маслото од црно семе е достапно и кај нас!
Искористи ги сите придобивки што ги нуди и набави си масло од црно семе. Достапно е кај нас и може да се најде во поголемите маркети или да се нарача онлајн од веб продавницата на Фила. Фила е македонска иновативна компанија која произведува ладно цедени здрави масла:
- Сончогледово масло
- Масло од лен
- Масло од тиква
- Масло од семе од кајсија
- Масло од маслодајна репка
- Масло од сусам.
Во нивната палета може да пронајдеш и природни сапуни кои се направени со дел од гореспоменатите масла. Кликни тука, разгледај кои производи ги нудат и прочитај повеќе за нивните придобивки.

Како правилно се користи маслото од црно семе?
Се препорачува да земате по 1 лажица од ова масло, во комбинација со мед или свежо цеден овошен сок пред појадок. Доколку се борите против канцерогени заболувања земајте по 3 лажици на ден. Консумирајте го заедно со терапијата кој ви ја препишал доктор и во комбинација со здрава храна.
Нутритивна вредност на маслото од црно семе:
1 лажица масло од црно семе содржи:
- 126 калории
- 14 г масти
- 3.4 г мононезаситени масти
- 8.7 г полинезаситени масти
- 2.1 г заситени масти
- 3.5 мг витамин Е
- 25 мг фитостероли.
Мед и масло од црно семе – нутритивна анализа
2 лажици од смесата содржат:
- 199 калории
- 15 г масти
- 16 г јагленохидрати
- 11 мг Калиум.
Сок од портокал и црно семе – нутритивна анализа
1 чаша сок од портокал со масло од црно семе содржи:
- 254 калории
- 15 г масти
- 28 г јагленохидрати
- 2 г протеини
- 441мг калиум
- 139% витамин Ц
- 14% калциум.
Може да те интересира: Моќното црно семе е природен „лек“ за најтешките заболувања.
*Текстот е овозможен од Фила.