Пчелиното млеко кое е познато како матичен млеч е млечно-белa, желатинозна материја која се излачува од плунковните жлезди на пчелите работнички на возраст од 6-12 дена и служи да го стимулира растот и развојот на матиците.
Повеќе наменскиот матичен млеч ги храни малите матични ларви во првите 6 дена од животот и е постојана храна на матицата. Тој претставува основна храна на матицата и поради своите силни благотворни својства таа живее и до 5 години, додека пчелите работнички кои се хранат само со мед и полен живеат 35 дена до 6 месеци, што значи значително пократко.
Состав на матичен млеч
До сега во природата не е пронајдена намирница која содржи толку голем број на витамини и во толкава количина, како матичниот млеч. Ги содржи најважните хранливи состојки за задоволување на потребните на човечкиот организам, како витамините Б1– тиамин, Б2 – рибофлавин, Б6 – пиридоксин, витамин Б9, цијанокобаламин – Б12, биотин, инозитол, фолна киселина, витамин E – токоферол, шеќери, соли, протеини, вода и слободни амино киселини. Драгоцените својства довеле до потреба да биде преработуван во форма на таблети и користен на широко во фармацевтската индустрија.

Здравствени придобивки од консумацијата на матичен млеч
Матичниот млеч бил храна на кралевите и токму затоа уште се нарекува кралско желе или Ројал желе. Има антибактериско, антисептично и антивирусно дејство. Содржи моќен антибактериски протеин кој го откриле Јапонските истражувачи и го нарекле ројализин. Тој е богат со аминокиселини кои првенствено се ефикасни против грам-позитивните бактерии, а тоа ги вклучува стафилококните и стрептококните видови. Слично како и прополисот, матичниот млеч поседува и анти-канцерогени својства.
- Помага за регулирање на хормонскиот баланс
- Ги намалува мастите и холестеролот во крвта
- Антиоксидантните својства кои ги поседува го продолжуваат животниот век на човекот
- Делува како хранлив енергетски тоник
- Го стимулира имуниот систем да се бори против вирусни и бактериски инфекции и помага при бронхијална астма
- Позитивно влијае за намалување на нивото на канцерогените естрогени
- Помага при силни стомачни болки (колитис) или синдром на раздразнети црева
- Превенира губење на коскената маса и ја подобрува обновувањето на коските
- Има позитивно дејство при несоница или нарушувања на спиењето
- Помага за одржување на еластичноста, нежноста и тонусот на кожата
- Ја поддржува сексуалната виталност кај мажите и помага против импотенција
- Делува рејувенантно (подмладува)
- Ја подобрува плодноста
- Делува бактерицидно, односно ги уништува стафилококните бактерии
- Придонесува за изградба на ткивата и мускулите
- Овозможува побрзо заздравување на раните
- Го штити црниот дроб
- Ја зголемува физичката сила
- Обезбедува голема психолошка поддршка на организмот за време на бременост и менопауза
- Помага при реуматизам и ги намалува болките во зглобовите при артритис
- Ја стимулира меморијата и мозочното функционирање
- Помага против депресија и нервна напнатост (делува анти-анксиозно)
- Го забрзува метаболизмот.
Кој не смее да консумира матичен млеч?
И покрај тоа што матичниот млеч е исклучително здрава храна, луѓето кои се алергични на пчели и мед, луѓе кои патат од астма можат да се соочат со вистинска опасност со симптоми како бронхијален спазам, иритации на кожата, астматични напади, дури и анафилактичен шок и смрт.
Бремените жени, доилките и малите деца не смеат да земаат големи кочинини.
Ви предлагаме да прочитате: Прополис – природен антибиотик.