Мафини со кајсии и афион 1

Мафини со кајсии и афион

Нивниот изглед е вистинска мамка за очите! Потполно неодоливите мафини со кајсии се одлична идеја за појадок со чаша млеко или за уживање во домашно кафе со пријателите. Вреди да се направат и да се пробаат.

Кате ни кажа дека од оваа доза неа и и излегоа 12 мафини и еден помал колач, а за истите користела специјални калапи за мафини и калап за векна кои неа и се испробани повеќе пати.

Мафини со кајсии и афион 2

Состојки:

  • 3 јајца
  • 6 кајсии
  • 140 гр кафеав шеќер
  • 220 гр брашно
  • 80 мл масло
  • 220 мл млеко
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица афион.

Подготовка:

  1. Кајсиите најпрво измијте ги, па исечете ги на помали парчиња.
  2. Јајцата изматете ги заедно со шеќерот додека се претворат во густа смеса на која и се познаваат траги од маталките на миксерот.
  3. Матејќи со најмала брзина на миксерот, додајте ги млекото и маслото.
  4. Во одделен сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и постепено матејќи со жица додајте го во изматената смеса.
  5. На крај, додајте ги претходно сечканите кајсии и афионот.
  6. Измешајте добро, а потоа од вака припремената смеса ставајте во калап за мафини и печете на 180 степени, за време од 25 минути. Ако и вас ви остане вишок од смесата, во тој случај искористете калап за печење векна.

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Тарт со кајсии.

Сподели: