Сезона е на кајсии, па еве еден предлог со нив да си направите вкусен десерт. Многу симпатичен, малку необичен и неодоливо вкусен тарт со кајсии!
Одличен е и за деца и за возрасни, убавиот лик мами, а вкусот и аромата привлекуваат да го пробаме.

Состојки:
За тесто:
- 180 гр путер омекнат на собна температура
- 170 гр шеќер
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 1/2 лажиче прашок за печиво
- рендана кора од лимон
- 2-3 лажици сок од лимон
- 400 гр брашно.
За фил:
- 500 гр кајсии без семка
- 4 лажици шеќер.
Подготовка:
- Најпрво подгответе го тестото за тарт. Во сад ставете ги путерот, шеќерот, јајцето, жолчката и со маталките за брашно на миксерот, изматете ги состојките за да се претворат во изедначена и кремаста смеса.
- Потоа додајте ги и останатите состојки кората и сокот од лимон, печивото, брашното и продолжете со матењето за да се добие изедначено тесто.
- Префрлете го врз набрашнета површина, премесете го и соберете го во топка. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер да се лади најмалку 1 час, а може и повеќе.
- За тоа време подгответе го филот – мармаладот од кајсии. Кајсиите ситно исечкајте ги и ставете ги да се варатн заедно со шеќерот околу 10 минути додека водата што ја пуштаат испари. При тоа мешајте ги и истовремено гмечете ги да се направи слична смеса на мармалад со мали парченца. Оставете го да се излади.
- Извадете го тестото од фрижидер и околу 1/4 оставете за украсување на тартот, а од другиот дел развлечете кора сосема малку поголема од тавата (бр. 28) за тарт.
- Ставете ја во тавата, израмнете ја по ѕидовите, а дното избоцкајте го со вилушка.
- Додајте го филот од кајсии и исто така израмнете го, а одозгора со останатиот дел од тестото направете лентички или други украси со калапчиња.
- Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.
- Печениот тарт со кајсии оставете го да излади и потоа послужете го. По желба може да го посипите со шеќер во прав.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви предлагаме да прочитате: Домашен пекмез од кајсии.