Речиси 80% од луѓето над 60 години имаат остеоартритис, а жените се поподложни на ова заболување. Што е остеоартритис, кои се симптомите и како билката мајча канџа може да помогне? – Ви откриваме од новиот разговор со Д-р Нела Деспотовска.
Остеоартритисот (ОА) е најчестата форма на артритис и дегенеративно заболување што ги погодува зглобовите, вклучувајќи ги коските, ‘рскавицата, лигаментите и мускулите. Се јавува кога заштитната ‘рскавица која ги ублажува движењата на зглобовите се оштетува или истенчува, што доведува до триење меѓу коските и предизвикува болка, вкочанетост и воспаление.

Како може да го препознаеме остеоартритисот? Кои се симптомите?
Најчестите симптоми вклучуваат:
- Болка во зглобовите, особено при движење.
- Вкочанетост, која е најизразена наутро или по периоди на неактивност.
- Намалена подвижност и функција на зглобовите.
- Коскени израстоци на прстите на рацете (Хеберденови јазли).
Билката мајча канџа често ја препорачуваат докторите како помош при остеоартритис. За што се помага оваа билка?
Мачjа канџа (Uncaria tomentosa) е густа дрвенеста лоза која расте во амазонската прашума и други тропски области во Јужна и Централна Америка. Името го добила по закривените трње слични на канџи кои растат на нејзиното стебло. Кората на стеблото и коренот Јужноамериканците со векови ги користеле за третман на бројни здравствeни проблеми. Содржи над 50 биоактивни соединенија, од кои најзначајни се оксиндол алкалоидите на кои се препишуваат благотворните ефекти на оваа билка.
Мачјата канџа се користи за:
- Олеснување на симптомите и третман на ревматизам, воспаление на зглобовите, артритис.
- Го стимулира имунолошкиот систем.
- Акутно и хронично воспаление на кожата.
- Каснувања од инсекти, исеченици, модринки, стимулација на епитализација.
- Помага за намалување на крвниот притисок благодарение на алкалоидот хирсутин.
- Поддршка во третман на Кронова болест, колитис, гастритис и пептичен улкус.
- Делува како диуретик.
Искористи 50% попуст и набави мачја канџа. Ја препорачуваме мачјата канџа – Cat’s Claw од брендот NOW. Може да се набави од:
- поголемите аптеки
- преку онлајн продавницата наvitamini.mk со 50% попуст.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Споменавме дека мачјата канџа помага при остеоартритис. Што велат истражувањата на оваа тема?
Да, мачјата канџа се препорачува кај лица со остеоартритис. Научниците веруваат дека мачјата канџа може да ги намали симптомите на остеоартритис благодарение на нејзините антиинфаматорни карактеристики.
Во една студија биле опфатени 45 лица со остеоартристис на колената. Користеле 100 мг мачја канџа во период од 4 недели. Кај испитаниците било забележено намалување на болките за време на физичката активност. Не биле забележани странични ефекти.
Во друго истражување, кое траело осум недели, испитаниците користеле комбинација од мачја канџа и корен од мака (перуанско лековито растение). Резултатите покажале намалување на болката и вкочанетоста кај луѓето со остеоартритис, а учесниците поретко користеле лекови против болки.
Со една студија бил анализиран ефектот на мајчата канџа во комбинација со минерали кај лица кои имаат остеопороза. По 1–2 недели, било забележано дека функцијата на зглобовите и нивната болка се подобриле во споредба со оние кои не ги земале додатоците. Но, по осум недели, ефектите не биле толку изразени како и на почетокот.
Важно: Не се препорачува за бремени жени и доилки. Консултирајте доктор доколку земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Лицата кои имаат нарушувања на крвта, автоимуни заболувања, проблеми со бубрезите, леукемија, проблеми со крвниот притисок или чекаат оперативен зафат, треба да избегнуваат користење на мајча канџа.
Може да те интересира: Билката мачја канџа може да помогне при артритис – совети од Д-р Нела Деспотовска.
*Текстот е овозможен од vitamini.mk.
