Медитерански посни брускети со домати

„Време е за нов летен рецепт кој верувам дека ќе ве освои! Освежителни, крцкави и превкусни брускети со домати, за мезе, лесен појадок или вечера. Инспирација за подготовка на брускетите ми беше новиот балсамико крем од Витаминка, за кој направивме мало истражување и објавивме текст пред неколку денови: Кои се разликите помеѓу балсамико крем и балсамико оцет? Како се употребуваат?

Ја обожавам интернационалната кујна и секогаш кога имам предизвик (нов производ на пазарот), сум во потрага по интересни рецепти. Ги пребарав најдобрите рецепти со балсамико крем и направив моја летна комбинација. Медитеранските посни брускети ќе ве освојат на прв залак. Пробајте ги!“ – вели Марија Кочовска од нашиот тим.

брускети со домати

Состојки:

брускети со домати

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на парчиња со дебелина од 1 см.
  2. Во мал ставете 2 лажици маслиново масло и додајте го лукот во прав. Посолете по вкус.
  3. Парчињата леб наредете ги во тава и премачкајте ги со мешавината од масло и лук. Печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 10 минути.
  4. Во меѓувреме, исечкајте ги доматите. Притоа отстранете ги семките. Доматите ставете ги во длабок сад и додајте една лажица Брилијант маслиново масло, сечкан босилек, лук во прав, посолете и зачинете со мелен црн бибер. Измешајте ги состојките и оставете ги на страна додека се ладат брускетите.
  5. Изладените брускети ставете ги во чинија. Врз нив ставете од смесата со домати и нанесете балсамико крем. Послужете ги веднаш и уживајте во светот на вкусовите!

Препорака од авторот:

„Едноставни и убави, нели? Веќе размислуваш да ги испробаш, а имаш прашања околу подготовката или состојките? – Пиши ми на Facebook или Instagram. Посети ги моите профили и пронајди ја твојата инспирација за подготовка на летни јадења и десерти. Може да ме следиш на:

А штом ги направиш брускетите, испрати ми ги фотографиите или означи ме на твојата објава. Со задоволство ќе ги споделам на стори. И најважно од сѐ – приготви ги со љубов и сподели ги со најблиските.“ – додава Марија.

брускети со домати

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Кои се разликите помеѓу балсамико крем и балсамико оцет? Како се употребуваат?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: