Мешана салата со семиња 1

Мешана салата со семиња

Даниела ни подготви лесна и вкусна мешана салата со семиња од која може да послужи како мезе или како прилог. Многу е убава ако сакате да пречекате гости, а супер и за да ги израдувате домашните.

Скоро сите состојки ги имаме редовно дома, а некогаш е потребно да најдеме добра идеја. Оваа салата е одлична за вкусно радување. Да ја направиме пријатели!

Може да ве интересира: Крем салата со просо, урда и семиња.

Мешана салата со семиња 2

Состојки:

  • 8оо гр изварка
  • 200 гр кисела павлака
  • 600-700 гр свежа краставица
  • 500 гр пилешки стек
  • 100 гр лупен сончоглед
  • 100 гр сусам
  • 1 лажица сенф.

Подготовка:

  1. Најпрво во сува тава малку се запржуваат сончогледот и сусамот. Препорачуваме додека пржите да практикувате постојано да мешате додека се смени бојата додека зацрвенат.
  2. Изварката ставете ја во подлабок сад и измешајте ја со павлаката и сенфот.
  3. Потоа изрендајте ја краставицата и додајте ја во садот со останатите состојки.
  4. Стекот сварете го и исечете го на ситни парчиња.
  5. Убаво измешајте ја целата смеса и на крај додадете ги семињата. Оставе ја салатата да отстои 1-2 часа, а потоа послужете ја. На здравје!

Рецептот го испратил: Даниела Џогова.

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешка салата со цвекло и Здрава салата со кинеска зелка, семиња и урда.

Сподели: