Крем салата со просо, урда и семиња

За љубителите на здрави и кремасти салати приготвувме уште еден супер рецепт од нашата кујна, кој сигурно ќе ви се допадне! Оваа кремаста салата може да ја послужите во прилог на ручекот или како самостоен оброк, а е интересен предлог доколку ви се најавиле гости кои внимаваат на здравјето. Вкусот е незаменливо добар, па топло ви препорачуваме да ја пробате оваа салата со просо, урда и семиња.

Освен што нема глутен, просото е и алкална (базна) житарица поради што организмот може лесно да ја свари, а според некои научници, просото е и антиканцерогено бидејќи алкалната храна не предизвикува киселост во организмот, што е средина во која се развиваат клетките на карциномите. Просото е богато со магнезиум и железо, претставува одличен извор на протеини (во 100 г просо има 10 г протеини), содржи калциум, фосфор, цинк, никел, витамин Е и витамини од групата Б. Лененото семе го нарекуваат најмоќно растение на планетата. Тоа е вистински извор на здравје и се препорачува за секојдневна употреба во умерени количини од една до две мали лажички на ден.

крем салата со просо, урда и семиња

Состојки:

  • ½ чаша просо
  • 1 ½ чаша вода
  • 1 краставица
  • 7-8 несолени маслинки
  • 3 лажици урда
  • 1 мала лажичка ленено семе од Фила (може да го купите онлајн или во поголемите маркети)
  • 1 мала лажичка чија семе
  • ½ чаша јогурт со пробиотици
  • 2 лажици павлака со 15% на масти
  • хималајска сол.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата и просото да се варат. Варете со повремено мешање на средно висока температура, за време од 15 минути, додека просото омекне.
  2. Краставицата измијте ја, излупете ја и исечкајте ја на мали коцки.
  3. Маслинките исчистете ги од семките и исечкајте ги на мали коцки.
  4. Во длабок сад ставете го вареното просо, сечканата краставица, маслинките, урдата и измешајте ги. Во садот додајте ленено семе и чија семе. Повторно измешајте. На крај во садот додајте 2 лажици кисела павлака и јогурт. Салата измешајте ја и посолете ја со хималајска сол.
  5. Готовата крем салата со просо, урда и семиња послужете ја веднаш или чувајте ја во фрижидер до моментот на сервирање. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Здрава пита со ленено семе и сончоглед 

Сподели: