Овој прекрасен трик за природно и безбедно чистење на дрвениот мебел ни го привлече вниманието, па решивме да го споделиме со вас. Овие миризливи крпи за бришење на дрвени површини имаат прекрасен мирис, а многу е едноставно да се направат од намирници кои веќе сигурно ги имате во вашиот дом.
Сигурно и вие дома имате многу крпи за бришење кои ви се расфрлени насекаде по куќата. Време е да ги организирате сите на едно место за секогаш да ви се при рака и да ви биде лесно за кога ќе одлучите да чистите низ дома. Ваквите миризливи крпи се најпогодни за чистење на дрвен мебел или дрвени подови, затоа што лимонот и маслото го негуваат дрвото. А, како дома да си направите миризливи крпи за чистење на дрвени површини?

Потребно:
- 1 чаша јаболкова киселина
- 1 чаша вода
- 1 лажица маслиново масло
- кора од 1 лимон
- 2-3 микрофибер крпи за бришење прашина
- 1 поголема тегла со капак.
Начин на подготовка и употреба:
- Во подлабок сад измешајте ги киселината, водата и маслото.
- Во добиената смеса потопете ги крпите, а вишокот на течност исцедете го од нив.
- Натопените крпи ставете ги во теглата, намотани околу кората од лимон.
- Пред да ги употребите за чистење, вака подготвените крпи оставете ги да отстојат неколку часа, а најдобро преку ноќ. Може да ги припремите и неколку дена пред да ги употребувате.
- Откако еднаш ќе ги искористите крпите, кората од лимон не ја фрлајте. Во теглата само додајте киселина и вода, па добро затворете со капак. Така секогаш ќе имате спремно средство за чистење.
- Откако еднаш ќе ги искористите крпите, исперете ги и можете повторно да ја повторите целата постапка.
Ви препорачуваме да прочитате: Домашно средство за чистење со портокал и цимет.