Супер вкусна пита која се прави на многу едноставен начин и баш е совршена за мрзливи моменти во кои ни е потребно да се засладиме! Интересна и идеална за подготовка, мрзлива пита со фантастичен изглед и уште подобар вкус!
Состојки:
За пандишпан:
- 4 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја јогурт
- 1 шолја масло
- 2 шолји брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво.
За фил:
- 1 кг јаболка
- 3 лажици масло
- 3 лажици гриз
- 1 шолја шеќер (или по вкус)
- 1 лажичка цимет.
Користената шолја е 215 мл.
Подготовка:
- Во сад за матење изматете ги јајцата со шеќерот, додека шеќерот убаво се растопи.
- Потоа додадете ги маслото и јогуртот, па брашното и прашокот за печиво.
- Смесата поделете ја на 2 еднакви дела. Едниот дел ставете го во намрсена тава 25х35, па ставете го во загреана рерна на 190 степени да се печи околу 10 минути.
- За тоа време во маслото пропржете ги ренданите јаболка со шеќерот, а потоа додадете ги гризот и циметот.
- Тавата во која се печел првиот дел извадете ја од рерна и премачкајте го целиот фил врз скоро печеното тесто, па одозгора распоредете го и вториот дел од смесата.
- Печете додека одозгора не се оформи убаво печена кора.
- Печената мрзлива пита посипете ја со шеќер во прав, а откако ќе се излади исечете ја на коцки и уживајте.
Рецептот го испратил: Клара Бос.