Во последно време повеќе расте интересот за јаболковата киселина и нејзината моќ да помогне за намалување на вишокот на килограми и да помогне во зачувувањето на здравјето. Употребата на јаболковата киселина за детоксикација и слабеење датира уште од древниот Египет. Научните студии покажуваат дека пијалакот со јаболкова киселина го забрзува метаболизмот, а со тоа полесно и побрзо се отстрануваат токсините. Нормалното функционирање на организмот пак, ги согорува мастите полесно и го намалува нивото на холестеролот во крвта.
Прва употреба на која може да се сетат сите е слабеењето, но друга многу важна придобивка е тоа што јаболковата киселина се користи за детоксикација, помага во оксидација на крвта и со тоа го спречува нејзиното згуснување. Претставува моќен извор на калиум кој помага во зацврстување на забите и ноктите, помага при проблеми со уринарен тракт и го намалува крвниот притисок. Како храна и лек јаболковата киселина е енергизирачки тоник и исцелителен еликсир.

Пијалак со јаболкова киселина за детоксикација и слабеење
Приготвувањето на пијалак со јаболкова киселина за детоксикација и слабеење е многу едноставно. Овој пијалак го намалува апетитот, го ослободува вишокот на течности од организмот и помага во согорувањето на масните ткива. Помага во елиминирањето на токсините од телото и за регулирање на метаболизмот на мастите, со што овозможуваат слабеењето да биде полесно.
Состојки:
- 1 до 2 лажици јаболкова киселина
- млак чај од камилица или вода
- мед и цимет по желба.
Може да ве интересира: Која е тајната на слабеењето?
Подготовка:
- Измешајте 1 до 2 лажици јаболкова киселина во чај од камилица или чаша вода. По желба може да додадете мед или цимет кои ќе го забрзаат процесот на слабеење и ќе ви помогнат во намалување на холестеролот.
- Пијалакот со јаболкова киселина може да го пиете два пати на ден, половина час пред оброкот. Ако сакате за брзо време да го намалите вишокот на килограми, покрај пиењето на пијалакот со јаболкова киселина и соодветните додатоци, се препорачува да вежбате 3 до 4 пати во текот на неделата.
Исто така, треба да пиете поголема количина на вода за да се излачат токсините од организмот.
Ви препорачуваме да прочитате: Детоксикација на телото во 6 чекори.