слабеењето и храната

Која е тајната на слабеењето?

Имате вишок на килограми, сте ги испорбале сите диети за кои имате слушнато, но немаат ефект? А дали ги знаете и практикувате основните совети кои ќе ви помогнат за да го забрзате слабеењето?

Самиот изглед и мирисот на омиленото јадење активираат во мозокот сигнали кои не тераат да посегнеме по храна. Притоа се зголемува лачењето на плунка, мускулите на желудникот се олабавуваат, панкреасот почнува да лачи инсулин. Консумирањето на мрсна и слатка храна во мозокот активира таканаречен „механизам на награда“, па поради тоа постојано се јавува потреба за ваква храна.

тајна за слабеењето

Тајната на слабеењето е во контролирање на внатрешните и на надворешните сигнали кои допираат до мозокот. На пример, гладот се контролира со почести и помали оброци, избор на здрави прехранбени производи и следење на внесувањето на калории. Така на пример, лица кои тежат околу 70 кг, а сакаат да ослабат, дневно треба да внесуваат 1500 калории, а оние до 90 кг околу 2000 калории.

Во првите две недели се препорачува да се јадат три оброка дневно со по 300 до 400 калории и два оброка со по 100 до 200 калории. Ако во овој период изгубите 2 кг, потребно е да додадете уште 200 калории кон дневното мени. Доколку се зголеми внесувањето на здрави протеини, свежи овошја и зеленчук, нема да дојде со прејадување со јагленихидрати.

Корисни совети кои ќе ви помогнат за да го забрзате слабеењето

Секоја диета која се применува треба да биде приспособена на индивидуалните потреби на личноста и во консултација со стручно лице. Еве неколку совети кои може да помогнат во губење на вишокот на килограми:

  • Наместо засладен или газиран сок, напијте се чаша вода. Водата е најдобар начин да се изгаси жедта, а притоа да не се внесе непотребен шеќер во крвта. Препорачливо е во текот на денот да се испијат од шест до осум чаши.
  • Не го прескокнувајте појадокот. Тој ќе ви ја даде потребната енергија за почеток на денот и ќе го намали чувството на глад до следниот оброк. Најдобро е да се започне со интегрални жита, свежо овошје и јогурт. Квалитетниот оброк ќе ја намали потребата за обилна вечера.
  • Наместо полномасни, изберете нискомаслени млечни производи. Се препорачуваат три порции на ден, а една порција содржи една чаша јогурт или млеко или едно мало парче нискомаслено сирење.
  • Чајот треба да го засладувате со мед. Најдобро е медот да го ставите во изладен чај, за топлината да не ги уништи неговите хранливи состојки.
  • Пијте ги овие 7 напитоци за слабеење и фит тело

Ви предлагаме да прочитате: 5 совети за слабеење кои мора да се почитуваат.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: