Направете дома замени за прашок за печиво 1

Направете дома замени за прашок за печиво

Ако сте започнале да припремате специјалитет за кој е неопходен прашок за печиво, а вие во моментот немате, не очајувајте, има неколку начини како да го замените.

Направете дома замени за прашок за печиво 2

Наместо прашок за печиво користете сода бикарбона и јогурт

Измешајте половина лажичка сода бикарбона и половина лажичка јогурт. Културите од јогуртот реагираат со содата бикарбона и создаваат гас кој е неопходен за нараснување на тестото. Оваа замена користете ја само во рецепти во кои се наоѓаат суви состојки, а доколку е потребно зголемете ја количината на состојки за тестото да не биде многу течно.

Сода бикарбона и сок од лимон

Помешајте еднаква количина на свежо цеден сок и сода бикарбона. Киселината од лимоновиот сок реагира со содата бикарбона и го создава истиот ефект како и прашокот за печиво. Сепак, внимавајте на количината, бидејќи во јадењето може да се чувствува јак вкус на лимон доколку претерате.

Сода бикарбона и меласа

Измешајте 1/3 шолја меласа и ¼ лажица сода бикарбона. Со оглед на тоа што меласата има изразен мирис, оваа замена е идеална за јадења со посилен вкус, на пример печива со зачини и слично.

Ви предлагаме да прочитате и Сода бикарбона – пријател на вашата кујна.

Сподели: